Лични финансии
Бизнис бар: Рутини кои морате да ги следите доколку сакате да бидете успешни


Додека сите ги почитуваме богатите и славните, сепак претпоставуваме дека нивниот пат кон успехот бил доста сложен и комплициран.
Нo, некои од нивните навики и ние можеме да ги присвоиме во нашите сопствени животи. Всушност, после петгодишни истражувања за само-постигнати милионери, авторот Том Корли открил дека скоро половина од нив се буделе најмалку три часа пред да започне нивниот работен ден.
А причината зошто се будат толку рано? Па затоа што тие имаат обврски кои треба да се завршат.
1. Одвојте време да вежбате
Веќе знаеме дека вежбањето е добро за нашите тела, но исто така е добро и за нашиот ум – во здраво тело, здрав ум. Вежбањето исто така ќе ви помогне да постигнете подобри резултати и во текот на вашиот работен ден. Според истражувања од 2018 година, издвојувањето на само 10 минути за лесни вежби ја подобруваат вашата меморија во текот на денот.
2. Мотивирајте се
Што и да е потребно за да се подигне вашиот морал и да се мотивирате, сторете го тоа. Тоа може да биде релаксирачко медитирање или само размислување.
Стив Џобс го започнувал секој ден прашувајќи се: „Ако денес беше последниот ден од мојот живот, дали би бил среќен со она што сакам да го направам?“. Тони Робинс медитира со метод што го нарекува „priming“ – што тој го дефинира како „чин на посветување време за да ги прилагодите вашите мисли и емоции, за да можете да го живеете животот во врвна состојба.”
Медитација, читањето и уживање во некој podcast се начини за зајакнување на вашата мотивација.
3. Одвојте време за оние кои ги сакате
Времето со семејството е важно и односите (или недостаток на нив) ја обликуваат секоја друга област во нашите животи. Едно 75-годишнo истражување предводено од Медицинскиот факултет Харвард открило дека топлите, позитивни односи се важни повеќе од што било друго во нашите животи.
4. Бидете среќни и позитивни
Само споделете и испратете добри вибрации и потрудете се денот да започне позитивно. Истражувањата објавени во 2011 г. од страна на училиштето Вартон и колеџот Фишер открија дека расположението на луѓето наутро влијае на продуктивноста во текот на денот.
Утринската рутина на претприемачот и инвеститорот Гери Вајнерчак вклучува и повик до неговото семејство во автомобилот на неговиот пат кон работа. „Се слушам со нив и се консултирам со нив“.
Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.
Домашни банки
НЛБ Банка и Кроација осигурување – Живот во сабота на Школка ќе го одбележат месецот на финансиско советување


Кроација осигурување – Живот во соработка со НЛБ Банка АД Скопје во изминатиот месец го организираа „Караванот за финансиско советување за небанкарски продукти“. Преку настанот што ќе се одржи во сабота, на 4-ти јуни, на Школка во Градски парк Скопје, компаниите ќе го заокружат месецот на финансиско советување. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: Ковани пари во оптек


Македонскиот денар (МКД) е национална валута на Република Македонија пуштена во оптек на 27 април 1992 година. Централната банка на државата – Народната банка на Република Македонија – е единствената институција којашто го издава денарот. (more…)
Лични финансии
ГЛОБАЛНА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ: ШТО СЕ ПАРИТЕ И КАКО НАСТАНАЛЕ?


Од најраните времиња парите се препознаени како стока употребувана како средство за размена или плаќање на сите видови стоки и услуги. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Кредитипред 4 weeks
Брз и евтин кредит – прва помош за вашиот паричник
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје