Лични финансии
Бизнис бар: Работа од дома – како да останете здрави и продуктивни за време на коронавирус изолацијата

Бидејќи компаниите ги испраќаат своите работници дома поради појавата на корона вирусот, на некои од вас можеби ви се случува прв пат да работите од дома и да ви биде непознат овој начин на работење.
Бидејќи новата промена за работење од дома може да биде шок за оние кои никогаш порано не го сториле тоа, еве неколку упатства за тоа како да бидете продуктивен работник во вашата нова домашна канцеларија.
Најдете едно место што ќе биде ваше
Пронајдете простор во куќата што можете да си го направите свој. Ова е особено важно ако веќе немате одредена просторија што можете да ја претворите во сопствена канцеларија.
Размислете за некоја неискористена просторија за да ја претворите во привремена канцеларија. Ако живеете во стан, можеби немате простор што е слободен, па ќе мора да донесете тешка одлука дали да создадете деловен простор во вашата спална или дневна соба.
Најмалку што ќе ви треба во вашата канцеларија е биро за работа и место за сместување на документите. Доколку немате биро, би можеле да се сместите на некоја маса. Полицата за книги може да ви послужи за документите, доколку немате архивски орман.
Што да направиш ако имате деца?
Повеќето луѓе би ве сфатиле ако се случи да ги слушнат децата во позадина додека разговарате со нив по телефон за време на корона вирусот. Само знајте дека не е идеално да се слушаат децата како врескаат гласно во позадина.
Размислете кое е најдоброто време за да ги остварите важните телефонски повици. Дали има одредено време кога вашите деца се потивки? Можеби кога спијат или јадат? Дали има ТВ шоу што може да им го одвлече вниманието? Овие се работи за кои треба да размислите кога треба да работите од дома, а сакате да изгледате професионално.
Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.
Лични финансии
Како да ги заштитите вашите банкарските податоци онлајн

Секоја онлајн активност со себе носи ризици и потенцијални закани, кои најчесто ги таргетираат вашите лични податоци. А ризикот не престанува ако го исклучите компјутерот или го оставите вашиот телефон на масата, тој е присутен постојано додека сте приклучени на интернет. Голема паника ни предизвикува помислата дека некои од профилите на социјалните мрежи може да ни бидат хакирани или злоупотребени, а само замислете какви можат да бидат последиците ако нешто им се случи на вашите банкарски податоци. (more…)
Лични финансии
Дали знаењето или дисциплината е поважна за управување со парите?

Знаењето (во некои случаи може да се користи и зборот „талент“) е важен предуслов за успех на кое било поле од животот. (more…)
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 2 months
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 1 month
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство
- Домашни банкипред 2 months
Граѓанската обврзница може да се купи во сите филијали и експозитури на Комерцијална банка