Лични финансии
Бизнис бар: Најдобрите мобилни апликации за зголемување на продуктивноста

Вашиот мобилен телефон може да ви помогне да бидете попродуктивни. Повеќето луѓе мислат дека паметните телефони ја уништуваат продуктивноста. Но, користењето на правилните апликации всушност може да ви помогне да ја зголемите вашата продуктивност.
Значи, без оглед што правите и каде сте, еве неколку апликации кои ќе ја зајакнат вашата продуктивност.
Зачувајте статии за да ги прочитате подоцна. Дали некогаш сте наиделе на некоја навистина интересна статија, но едноставно немате време да ја прочитате? Па, веројатно подоцна сте ја заборавиле и никогаш не сте ја прочитале. Со Pocket, можете да зачувувате содржина што ја наоѓате на Интернет за да ја погледнете подоцна.
Она што е прекрасно во врска со оваа апликација е што ви дозволува да ја гледате зачуваната содржина дури и кога немате интернет.
Скенирајте, зачувајте и споделете документи. Зошто да користите скенер кога можете да го користите вашиот мобилен телефон? Office Lens е веројатно најдобриот скенер за документи што постои денес. Апликацијата е создадена и дистрибуирана целосно бесплатно од Microsoft. Може да изберете и големина и квалитет на скенираниот документ.
Со добро осветлување и телефон со доволно добра камера, можете да добиете висококвалитетни скенови.
Апликација за список за задачи. Може да најдете еден куп апликации со оваа намена – но, оваа навистина се издвојува од останатите. За разлика од многу други апликации за создавање списоци за задачи што треба да ги завршите, оваа не ги комплицира основните функционалности. И покрај едноставноста за користење, оваа апликација всушност обезбедува поголем број на функции од повеќето други апликации за оваа намена.
Зачувајте ги сите лозинки на едно место. Со оваа апликација освен зачувување на лозинки, исто така можете и да генерирате лозинки. Помнењето на премногу лозинки може да биде предизвикувачко. Со текот на времето дури и може да заборавите некои од нив. Со користење на оваа апликација, може безбедно да ги зачувате сите лозинки.
Во суштина, апликацијата работи како главен клуч. На пример, ако се обидувате да се најавите на Facebook преку вашиот телефон, апликацијата автоматски ќе ја пополни лозинката за вас.
Ако сте корисник на Android, таму има еден тон бесплатни апликации што можат да ја подобрат вашата дневна продуктивност.
Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.
Лични финансии
Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)
Лични финансии
Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)
Лични финансии
Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 4 weeks
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Интервјуапред 1 week
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје