Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Корисни совети за оптимизирање на повиците за акција преку е-пошта

Објавено

на

Без оглед на видот на е-поштата, главната цел на секој повик за акција е да ги охрабри луѓето да преземат акција.

Не се оптеретувајте премногу со креативноста

Многу бизнисмени сметаат дека треба да ги покажат сите свои вештини кога стануца збор за пишување текстови за повик кон акција. Сепак, тоа не е случајот со копчињата за повикување. Тие припаѓаат на посебна група елементи (заедно со иконите на социјалните медиуми и контакт информации) кои треба да останат стандардни бидејќи се докажано успешни. Луѓето веќе знаат што да очекуваат од некои класики како “Види повеќе” и “Купи веднаш”.

Пронајдете ја вашата боја

Постојат два сосема спротивни ставови во однос на бојата на копчето за акција. Некои експерти велат дека треба да биде дизајнирано во корпоративни бои и да одговарат на шемата за бои на копијата за нивните е-пошти. Некои пак веруваат дека копчето за акција треба да се спротивстави на остатокот од содржината, за да донесе повеќе конверзии и да биде по впечатливо.

Според статистиките, најкористените опции се црвена/портокалова и зелена/сина боја.

Гледајте ги броевите

Проверете дали бројот на повици од вашата е-пошта е во корелација со типот на пораката на копчињата за акција.

Колку е поголема е-поштата, толку повеќе копчиња за акција може да вклучите, но проверете дали тие даваат различни информативни вредности.

На пример, наместо неколку последователни “Купи веднаш” копчиња, размислете за користење на варијации како „Повеќе“, „Купи женска облека“, „Пронајдете подароци“, итн.

Местоположбата е важна

Наjгоре или на дното, поставувањето на вашето копче зависи од типот на е-поштата која ја праќате.

За кратка е-пошта за добредојде или потврда за нарачка, соодветно е да се стави копчето на врвот, така што претплатникот може лесно да го забележи и да го заврши процесот (регистрација, купување и слично) за неколку секунди.

Меѓутоа, кога презентирате нов производ, прво објаснете ги неговите придобивки пред да побарате од луѓето да ја разгледаат вашата понуда.

Со следење на овие чекори ќе ви се зголеми процентот на кликови на копчињата за акција, како и целокупната ефективност на вашата е-пошта.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Бизнис бар: TED Talk разговори кои ќе го трансформираат вашиот бизнис и личен живот

Објавено

на

Ако вашата цел е да го однесете бизнисот или вашата кариера на следното ниво, вие сте на вистинското место. Во оваа статија, ќе разгледаме неколку TED Talk разговори кои значително ќе го трансформираат вашиот бизнис и ќе ви го свртат животот кон подобро. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да го изградите вашиот онлајн бренд

Објавено

на

Брендот лесно може да се претстави како лице кое го покажувате на светот, вашата уникатност прикажана кон целата популација за тие да ја видат и признаат. Брендингот е комбинација на вашите способности, вештини и карактерни црти. Брендирањето на вашиот бизнис не е само деловна акција, туку тоа е и пат кон само-откритие. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што значи напорна работа?

Објавено

на

Секој од нас има некаков вид на интерес. Паралелно на тоа, секој од нас работи и придонесува кон општеството. Успешните луѓе ни велат дека овие два аспекти од нашиот живот и можеби не треба да бидат одделни. (more…)

Продолжи со читање

Популарно