Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Колку облеката може да ви помогне да напредувате?

Објавено

на

Повеќето луѓе ја третираат модата како одраз на нивната личност, расположение, самодоверба. До одреден степен, истото важи и кога се облекуваат за работа.

Кога имате интервју за работа, деловна средба или презентација на клиент, сигурно се облекувате соодветно за да изгледате професионално и доверливо.

Меѓутоа, облекувањето за успех не престанува со интервјуто за работа. Она што го носите може да влијае на тоа како соработниците и менаџерите ве третираат. Еве неколку работи на кои треба да обратите внимание.

Влијанието на облеката на вашата кариера

Во корпоративниот свет, облеката е повеќе од само за прикривање или следење трендови. На некој начин, таа ви помага да напредувате во правецот кон кој се стремите да одите.

Се одразува на вашата самодоверба.

При презентирање на потенцијалните клиенти и продавање на вашите производи или услуги, соодветната облека ќе ви го даде кредибилитетот што ви е потребен за да склучите соработка со клиентите.

Покрај перцепцијата на другите луѓе, облеката исто така може да влијае позитивно и на вашата самодоверба.

Ви помага да се издвоите од вашите колеги.

Дали како вработен или само како личност, најверојатно претпочитате да се разликувате од другите. Луѓето се уникатни на свој начин, но облеката додава уште еден слој на оригиналност што им овозможува да издвојат, а тоа исто така важи и во работна средина.

Се разбира, надминувањето на очекувањата кога станува збор за вашата работа исто така треба да бидат вклучени.

Подобро претставување на вашата компанија.

Кога сте надвор од канцеларија и се среќавате со други луѓе во име на вашиот работодавец, изгледот може да ги одразува политиките и изгледот на бизнисот што го претставувате.

Дотерувањето исто така може подобро да ве подготви за било какви непланирани или импровизирани состаноци.

 

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Бизнис Бар: Дали сте перфекционист? Еве како да внимавате да не ви попречи во работата!

Објавено

на

Ако се сметате за перфекционист, веројатно сте свесни за тежината што доаѓа со оваа карактеристика. Секако, постојат позитивни аспекти, како високо мотивираноста и вниманието на деталите, но и негативните страни се значајни. Перфекционистите доживуваат повисоки нивоа на стрес, избувнување и анксиозност. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да изгледате самоуверено?

Објавено

на

Во моментот кога ќе влезете во една соба, луѓето веднаш формираат некаков впечаток за вас. Kаков тип на личност сте – сигурна, искрена, способна. Многу од ова е засновано на тоа како се носите себе си. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку совети од Зак Фридман – како да извлечете најмногу од парите кои ги имате

Објавено

на

За  15 години работа во финансискиот сектор во компаниите како Blekstone и  Morgan Stenli, господинот Зак Фридман гледал како компанијата може да заработи, но и да изгуби пари. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange