Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да ја преживеете вашата прва година како претприемач

Објавено

на

Дури и пред да го започнете вашиот бизнис, веројатно сте ги чуле страшните бројки поврзани со неуспехот на претприемништвото. Над 80% од новите бизниси ја преживуваат својата прва година. До петтата година, околу 50% завршуваат неуспешно. Може да бидете доста обесхрабрени гледајќи ги ваквите бројки на неуспех, но тоа не треба да ве спречи. Во реалноста, работите не се толку лоши како што изгледаат. Вие сте возачот на вашиот живот – не дозволувајте шансата да ги диктира вашите одлуки, без разлика дали тоа е во деловниот или личниот живот.

Ние сме тука да ве водиме во вистинската насока за да можете да ја преживеете својата прва година како претприемач и да отвориме плоден пат кон просперитетен и долготраен профит.

Останете страстни кон вашиот производ

Бизнисите обично почнуваат да се распаѓат откако страста ќе исчезне и кога ќе почнете да се премислувате за вашата деловна одлука. Вашиот презир станува очигледен не само на луѓето со кои работите, туку и на вашите клиенти. Во подолг рок, тоа може да создаде помалку од идеално работно опкружување и вашиот бизнис може да започне да пропаѓа.

Посветете се на нешто за што сте мотивирани, нешто во кое верувате.

Бидете претприемач со план

Да се биде претприемач со план е од суштинско значење за привлекување потенцијални инвеститори и помага во водењето на вашите постапки. Првите години се клучни за нов бизнис и можеби ќе треба да стекнете дополнителен капитал што ќе ви помогне да го подбутнете вашиот бизнис напред кон целта. Инвеститорите ќе бараат деловен план. Тоа е доказ за вашата посветеност кон идејата и ќе им помогне да ги проценат шансите за вашиот успех.

Направете го овој план на начин со кој вашата идеја и визија ќе бидат детално опишани и ќе им бидат јасни на сите кои го читаат.

Не брзајте кон проширување

Претприемачите обично се избрзуваат кон проширување на компанијата дури при првиот допир со приход. Проширувањето е одлично и потенцијално може да биде дел од вашата долгорочна стратегија, но треба да бидете апсолутно сигурни дека растот е тука за да остане – а не само привремен.

Не инвестирајте премногу пари, премногу брзо во проширувањето на компанијата. Анализирајте го вашиот раст и комуницирајте со вашите потрошувачи за подобро да ја разберете изводливоста на потенцијалното проширување.

Бидете активни на Интернет

Интернетот е портата кон светот. Преку него можете да комуницирате со луѓе од другата страна на светот, да градите врски, да промовирате производи – можностите се бесконечни.

Креирајте веб-страна и Facebook, Instagram, LinkedIn, Twitter профили. Останете активни на социјалните медиуми, пишете на корисниците, создадете врски со луѓето. Станете познати на Интернет и социјализирајте се. Добро култивираното присуство на Интернетот ќе игра огромна маркетинг/промотивна улога дури и кога спиете.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Бизнис бар: TED Talk разговори кои ќе го трансформираат вашиот бизнис и личен живот

Објавено

на

Ако вашата цел е да го однесете бизнисот или вашата кариера на следното ниво, вие сте на вистинското место. Во оваа статија, ќе разгледаме неколку TED Talk разговори кои значително ќе го трансформираат вашиот бизнис и ќе ви го свртат животот кон подобро. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да го изградите вашиот онлајн бренд

Објавено

на

Брендот лесно може да се претстави како лице кое го покажувате на светот, вашата уникатност прикажана кон целата популација за тие да ја видат и признаат. Брендингот е комбинација на вашите способности, вештини и карактерни црти. Брендирањето на вашиот бизнис не е само деловна акција, туку тоа е и пат кон само-откритие. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што значи напорна работа?

Објавено

на

Секој од нас има некаков вид на интерес. Паралелно на тоа, секој од нас работи и придонесува кон општеството. Успешните луѓе ни велат дека овие два аспекти од нашиот живот и можеби не треба да бидат одделни. (more…)

Продолжи со читање

Популарно