Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да размислувате како милионер

Објавено

на

Уште од нашето раѓање, околината и најблиските не учат на  одреден начин на размислување.

Можеби сте родени во семејство со родители кои имаат одлични работни места и ве учат како да заштедите пари. Можеби сте родени во семејство со еден родител кој се бори за опстанок и ве има научено да прифатите било каква работа и се додека заработувате доволно за да преживеете до следната плата, да си останете на истото работно место.

И двата начини на размислување имаат и добри и лоши страни, но спаѓаат во просечни начини на размислување.

Милионерите, особено оние кои сами стигнале тоа тоа ниво, имаат различен начин на размислување од просечната личност. Нивниот ум е ист како и на просечните лица, но тие гледаат на животот поинаку.

Размислувајте долгорочно

Милионерите гледаат на долг рок. Секогаш размислувајте за долгорочни активности како инвестирање, недвижнини и слично. Девет од десет пати, ќе имате поголема вредност и профит на овој начин.

Прифатете ги промените

Мора да бидете во можност да се менувате со текот на времето. Мора да се промените во личност која ќе ви помогне да заработите милион.

Ако не сте таму каде што сакате во која било област од вашиот живот, тогаш тоа треба да биде мотивација за вас –  да се смените, прилагодите и да одите на следното ниво.

Преземете ризик

Останувањето во вашата зона на удобност е најдобриот и најбрзиот начин да останете просечни. Милионерите знаат дека мора да преземат ризици за да растат.

Секако дека преземањето ризици предизвикува непријатно чувство, но на тој начин растеме. Не плашете се да преземете пресметани ризици. Секој милионер истражува пред да преземе одреден ризик.

Едуцирајте се

Образованието не треба да престане по завршувањето на формалното образование. Бидејќи некој е лекар или адвокат, тоа не ги прави интелигентни. Она што го прави некој интелигентен е кога е добро само-едуциран, може да зборува повеќе јазици, да знае многу за неговата индустрија, има практично и секојдневно знаење и разбира широк спектар на теми.

Создадете повеќе приливи на приход

Не застанувајте само на еден прилив на приход, на тој начин никогаш нема да бидете богати. Повеќето милионери имаат најмалку седум различни приливи на приход.

Милионерите се фокусираат на создавање пасивни приходи. Тие заработуваат пари додека спијат, буквално. Постојат два вида на приход: пасивен приход и активен приход. Активниот приход е таму каде што вие сте главната причина за приходот. Пасивни приходи се кога во основа не правите ништо, но парите ви носат пари.

Имајте цел и план

Спроведете план што ќе ве однесе до вашата цел. Конзистентноста, реализмот, планирањето и решеноста се клуч за постигнување на која било цел.

Лични финансии

Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

Објавено

на

Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Неопходен е избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кон индустриите кои подобро ја преживеале кризата

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно