Connect with us

Лични финансии

БИЗНИС БАР: Како да одржите здрав животен стил како претприемач

Објавено

на

Да се биде претприемач доаѓа со многу бенефиции, но исто така за успехот може да платите со Вашето здравје. Пренатрупаниот  распоред на еден претприемач обично не дозволува одмор, што може да има негативно влијание врз здравјето.

Издвојувањето на време за Вашето здравје е важно за балансиран животен стил, без разлика за која активност ќе се одлучите – пливање, велосипедизам, трчање, јога или само медитација.

Еве неколку предлози кои ќе Ви помогнат да живеете малку поздрав претприемачки живот:

Медитирајте

Медитацијата ќе Ви помогне да ја одржите концентрацијата и да постигнете ментално јасна и емоционално мирна состојба.

Кога медитирате, ги чистите сите секојдневни проблеми и се фокусирате на она што го навистина го сакате, визуелизирате како сакате да го поставите Вашиот бизнис и живот.

Медитацијата исто така Ви помага да останете позитивни и да го задржите оптимизмот.

Направете го вежбањето дел од Вашата дневна рутина

Вежбањето е основа на здравиот живот и навистина ќе Ви помогне да ја засилите Вашата продуктивност и успех како во бизнисот, така и во секојдневниот живот.

Ако немате време да одите во фитнес сала, можете исто така да вежбате јога дома или да играте спорт за време на викендите.

Секојдневното вежбање ќе го одржи Вашиот ум свеж и ќе Ве направи посреќни. Одржувањето на позитивен начин на размислување е Вашиот клуш за успех.

Јадете здраво

Ако сакате да го изберете најлесниот начин да живеете здрав живот, тогаш јадењето здраво треба да Ви биде приоритет. Дури и најмалите промени можат да направат огромна разлика.

Пробајте да јадете домашно припремена храна колку што е можно почесто. Готвењето нека Ви биде мал одмор од размислувањето на  проблемите.

Најдете време да се релаксирате

Реалноста е дека водењето бизнис знае да биде стресно. Секој претприемач знае дека треба да вложи повеќе часовно работење во текот на денот и да работи колку може повеќе.

Но, доколку не одвоите време да се релаксирате и да се исклучите на некое време, многу голема е веројатноста дека кога тогаш ќе ја исцрпите цела енергија. Мора да одвоите време да се релаксирате и да ја обновите Вашата енергија за работа.

Спијте доволно

Мозокот и телото бараат сон за да функционираат правилно. Спиењето му ја дава грижата на Вашето тело која му е потребна по целиот стрес што го поминува во текот на денот.

Доколку го избегнувате квалитетниот сон, не можете да поминете подолго време без тоа негативно да се одрази на Вашата продуктивност.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Применувајте го концептот „ментално сметководство” за да заштедите пари

Објавено

на

Ако во паричникот носите крупна банкнота може да заштедите пари. Психологот Мери Грешам вели дека луѓето обично размислуваат двапати пред да ги „раситнат“ крупните пари. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да им пристапите на потенцијалните клиенти преку е-пошта

Објавено

на

Праќањето на е-пошта можеби изгледа лесно, но исто така доаѓа и со свои уникатни предизвици. Иако, можеби ви е мило што потенцијалните клиенти не можат да ве видат, тоа значи дека и вие исто така не можете да ги видите нив ниту пак да ја процените нивната реакција. Не можете да приметите дали вашиот пристапот успева или не, дали треба да промените тактика или едноставно да се откажете. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Едноставни и брзи канцелариски вежби за подобрување на ефикасноста на работата

Објавено

на

Ако работите во канцеларија, големи се шансите дека минувате минимум 8 часа седејќи, а тоа е 40 часа неделно. (more…)

Продолжи со читање

Популарно