Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да изгледате самоуверено?

Објавено

на

Во моментот кога ќе влезете во една соба, луѓето веднаш формираат некаков впечаток за вас. Kаков тип на личност сте – сигурна, искрена, способна. Многу од ова е засновано на тоа како се носите себе си.

Ако изгледате самоуверено, луѓето ќе бидат посклони да ви го дадат вниманието и почитта која ја заслужувате. Од друга страна, ако изгледате несигурно, луѓето може брзо да ве отфрлат или да ве дискредитираат. Бидејќи јазикот на телото е составен дел на комуникацијата, начинот на кој се носите може да комуницира повеќе отколку што знаете со надворешниот свет.

Многумина веруваат дека ако не сте родени со доверба, тогаш немате среќа. Но, тоа е далеку од вистината. Самодовербата е вештина. Тоа е нешто што можете да научите, дури и преку едноставни промени во вашите физички движења.

Еве 3 брзи корекции што можете да направите за да изгледате посамоуверено:

Исправете ги рамениците

Ако рамениците ви се спуштени и поднаведнати, тоа покажува на недостаток на доверба, па дури и недостаток на искреност. Застанете исправено, навлечете ги рамениците назад и отворете ги градите. Нивното нерамно држење пренесува нерешителност кај некоја личност.

Исто така, кога разговарате, наклонете ги рамениците кон соговорникот. Тоа ќе му даде чувство дека покажувате интерес и доверба.

Директен контакт со очите

Ако имате еден-на-еден разговор, нема ништо поважно од директен контакт со очите. Добар контакт со очите не само што му овозможува на вашиот соговорник  да чувствува дека сте заинтересирани за она што го зборува, туку ќе ве цени и ќе ве почитува повеќе за тоа и на крајот ќе ве запамти како грижлива и внимателна личност.

Зацврстете го вашето ракување

Добро ракување може да го постави тонот на разговорот кој би следувал. Најдоброто ракување започнува со држење на вашата рака во вертикална положба, заедно со прстите и палецот поставени исправено. Бидете сигурни да пријдете колку што е можно подеднакво.

Кога нечија рака е свртена надолу, тоа значи дека тие сакаат да ве контролираат. Ако нивната рака е свртена обратно, тоа пренесува дека се покорни.

Ако сакате да ја зголемите довербата, користете ја другата рака за да го допрете лицето на подлактицата помеѓу нивниот зглоб и лактот. Изведено правилно, овој потег може да даде впечаток дека сте целосно посветени на зборување со личноста.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Поголема претпазливост кај акциите од технолошкиот сектор, бидејќи приносите на овие акции уште се над просекот од почетокот на годината

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Големо финале на Smart Money Talks: Совети за управување со личните финансии

Објавено

на

Успешното управување со личните финансии како и разбирањето на основните финансиски концепти се важни вештини за сите млади. Токму овие и многу други теми се во фокусот на проектот за финансиска писменост на млади кој го спроведува организацијата Глобал Шејперс Скопје Хаб. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Препорачуваме диверзифицирана распределба на средствата во портфолиото во различни класи помеѓу акции, обврзници или пари

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно