Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да го изградите вашиот онлајн бренд

Објавено

на

Брендот лесно може да се претстави како лице кое го покажувате на светот, вашата уникатност прикажана кон целата популација за тие да ја видат и признаат. Брендингот е комбинација на вашите способности, вештини и карактерни црти. Брендирањето на вашиот бизнис не е само деловна акција, туку тоа е и пат кон само-откритие.

Создадете ја приказната на вашиот бренд

Како прво, запишете ги зборовите и вредностите кои што го претставуваат вашиот бренд. Изберете ги овие основни зборови многу внимателно и транспарентно, бидејќи тие ќе ја оформат целата слика на вашиот бренд.

Како бренд, треба да имате приказна што гравитира околу вашите основни вредности. Брендот мора да создаде емотивна врска со јавноста. За да создадете толку силна врска со публиката, приказната на брендот мора да биде оригинална, во спротивно луѓето веднаш ќе ја почувствуваат неавтентичноста.

Воспоставете ја стратегијата за подигнување на свеста за брендот

Одличната кампања за подигнување на свеста за брендот се создава со вредна и стратешки напишана содржина. Со цел да достигнете голем број на луѓе, вашата содржина мора да биде накитена со #hashtags кои што се релевантни за вашата целокупна тема како и публика.

Ако вашата содржина нуди одредени вредности и исто така е објавена на конзистентна (но, не нападна) основа, повеќе луѓе ќе започнат да ве поврзуваат со таа тема. Вака можете да стекнете моќ и доверба на кое било специфично поле.

Изградете ги вашите вештини за комуникација

Градењето на бренд бара одлични комуникациски вештини. Способноста за добро комуницирање и искажување на своите мисли на релевантен и кохерентен начин, ќе го зацврсти вашиот авторитет на темата на која зборувате и ова ќе го зголеми вашиот целосен опсег.

Во случај да сте срамежлива личност, можете да се запишете на курс за зборување. Исто така може да се запишете на курс за пишување и паралелно да започнете да ги практикувате овие техники сè додека не се чувствувате доволно подготвени за да го импресионирате светот.

Со користење на овие чекори, би требало да го развиете вашиот личен бренд на брз и ефикасен начин. Но запомнете, овие чекори нема да ви бидат од голема корист ако не ги практикувате активно.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Објавено

на

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно