Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Како да ги натерате луѓето да ве сакаат со Бенџамин Френклин ефектот

Објавено

на

Постојат безброј моменти кога навистина би сакале да имаме магично стапче со кое можеме да ги натераме луѓето да не сакаат.

И додека не постои волшебна формула за да ги натерате луѓето да бидат ваши пријатели, сепак може да се искоритат некои “хакови” кои можат да ви помогнат во градењето на врски.

Еден таков трик е „Бенџамин Френклин Ефектот“ – контраинтуитивен совет кои може да ги натера другите да ве гледаат попозитивно.

Што е Бенџамин Френклин ефектот?

Во својата автобиографија, “Автобиографијата на Бенџамин Френклин”, Френклин ја раскажува приказната за времето кога му пишал на еден политички ривал и побарал да позајми една од неговите ретки книги. Ривалот го одобрил неговото барање и Френклин испратил благодарница кога ја вратил назад.

После тоа, тој и неговиот некогашен ривал останале пријатели до крајот на животот.

Френклин вели дека:

„Оној што некогаш ти завршил услуга, ќе биде подготвен да ти заврши и друга, отколку оној што ти самиот си го услужил.”

Со други зборови, некој што ти завршил услуга ќе биде повеќе склон да те сака. Звучи доста контраинтуитивно, но е докажано дека успева.

Примена на Бенџамин Френклин ефектот!

Па, како може да го примените Бенџамин Френклин ефектот во вашиот сопствен живот?

Еве неколку примери за користење на овој контраинтуитивен трик:

  • Побарајте од колегата да ви позајми пенкало.
  • Прашајте ја девојката или дечкото што ви се допаѓа да ве слика вас и некој пријател кога ќе помине.
  • Кога сакате да се поврзете со стар пријател, прашајте ги дали можат да ви испратат рецепт зна некој појадок кои тие ви го подготвиле некогаш.

Има прилично многу неограничени намени за овој едноставен животeн “хак”. Затоа, запомнете го овој ефект и искористете го секогаш кога сакате да изградите посилна врска со пријател – па дури и со странец или ривал.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Бизнис бар: TED Talk разговори кои ќе го трансформираат вашиот бизнис и личен живот

Објавено

на

Ако вашата цел е да го однесете бизнисот или вашата кариера на следното ниво, вие сте на вистинското место. Во оваа статија, ќе разгледаме неколку TED Talk разговори кои значително ќе го трансформираат вашиот бизнис и ќе ви го свртат животот кон подобро. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да го изградите вашиот онлајн бренд

Објавено

на

Брендот лесно може да се претстави како лице кое го покажувате на светот, вашата уникатност прикажана кон целата популација за тие да ја видат и признаат. Брендингот е комбинација на вашите способности, вештини и карактерни црти. Брендирањето на вашиот бизнис не е само деловна акција, туку тоа е и пат кон само-откритие. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Што значи напорна работа?

Објавено

на

Секој од нас има некаков вид на интерес. Паралелно на тоа, секој од нас работи и придонесува кон општеството. Успешните луѓе ни велат дека овие два аспекти од нашиот живот и можеби не треба да бидат одделни. (more…)

Продолжи со читање

Популарно