Connect with us
P2_P_MK_1600x400

Лични финансии

Бизнис Бар: Зошто луѓето озборуваат и како да реагирате на озборувања?

Објавено

на

Озборувањето знае да предизвика негативни чувства кај скоро секој од нас. Во многу случаи, тешко е да се посочи изворот и поради  тоа, доколку се обидете да им се спротивставите на озборувањата, многу веројатно е дека само ќе ги влошите работите.

Но, зошто всушност луѓето озборуваат?

Нивните зборови се одраз на нивното размислување.

Не можете да изберете што велат другите за вас, но можете да изберете како ќе реагирате на тоа. Одбијте да бидете жртва на туѓи проблеми.

Имаат ниска самодоверба.

Луѓето кои зборуваат лошо за вас, можеби го прават тоа за да се чувствуваат подобро. Можеби немаат самодоверба и како резултат на тоа, овој тип на личности зборуваат негативно за другите.

Можеби постои љубомора.

Можеби не се чувствува љубомора кога луѓето разговараат негативно за вас, но тоа често се случува затоа што има нешто во врска со вас што ги заплашува. Можеби му завидуваат на вашиот изглед, успех, способности или популарност. Нивните непријатни зборови можеби се само начин како да ве повредат.

Зошто луѓето озборуваат и како да реагирате на озборувања (1)Еве најдобри начини како да реагирате кога се справувате со озборувања:

1.    Игнорирајте

Иако можеби сте во искушение да и се спротивставите на личноста која ве озборува, понекогаш најдобриот одговор е да го игнорирате озборувањето. Многу луѓе озборуваат за внимание или за да добијат реакција од вас. Ако ги игнорирате озборувачите, по извесен период ќе им досади и ќе престанат да зборуваат за вас.

2.    Однесувајте се кон нив со љубезност

Друга одлична реакција спрема озборувачите е позитивен став. Ќе бидат збунети како би можеле да се однесувате така кон нив толку кога тие зборуваат негативно за вас. Додатно, може да направите лицето да се чувствува виновно затоа што зборувало за вас.

3.    Поставете ограничувања

Ако треба да поминете повеќе време со луѓе кои зборуваат за вас зад вашиот грб, држете ги подалеку од вас. Само затоа што мора да бидете околу нив, не значи дека треба да се однесувате како нивни најдобри пријатели.

 

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Навики кои оставаат впечаток дека сте непрофесионални

Објавено

на

Секој од нас има свои добри и лоши навики. Некои од нив несвесно ги правиме и надвор од домот и приватноста. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да пронајдете купувачи за вашиот производ?

Објавено

на

За целосно развивање на вашата деловна идеја и претворање во специфична услуга или квалитетен производ, а потоа да ги привлечете оние кои сакаат да го користат производот или услугата и притоа цената да одговара на нивна плата, потребно е да го истражувате пазарот, да ја идентификувате вашата целна публика и да се запознаете со нејзините потреби. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Совети од Комерцијална банка за безбедно користење на платежните картички

Објавено

на

Денес, платежните картички се ширко прифатено средство за плаќање. Милиони луѓе ги користат картичките за плаќања во продавници, интернет, за нарачки преку телефон или електронска пошта. Но, поради зголемениот обем на користење од страна на клиентите се повеќе се зголемува нивната злоупотреба од страна на криминалците. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange