Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Започнете бизнис во 3 лесни чекори

Објавено

на

Нема граници за тоа кој може да стане голем претприемач. Не е потребно да имате диплома, пари во банка или дури и бизнис искуство за да започнете нешто што би можело да стане вашиот следен голем успех. Она што ви треба е добар бизнис план и страст спрема вашето поле на делување.

Истражување на пазарот и креирање бизнис план

Дали вашата идеја има потенцијал да успее? Пред да продолжите, ќе треба да извршите проверка на вашата бизнис идеја.

Почнете со одговарање на прашања како тоа дали има потреба од вашите производи/услуги и како вашиот бизнис ќе се вклопи во пазарот, дали веќе има други компании кои нудат слични производи/услуги и каква е конкуренцијата и која е вашата целна група.

Следно, потребен ви е план со цел да ја реализирате вашата бизнис идеја. Бизнис планот е мапа која ќе ви го покаже патот од почнување, стабилизирање, па се до евентуален раст на бизнисот.

Ако почнувате без потреба од барање финансиска поддршка, едноставен бизнис план од една страница може да ви даде јасност за тоа што се надевате да постигнете и како планирате да го направите тоа.

Испланирајте ги финансиите и официјализирајте го бизнисот

Отпочнувањето со мал бизнис не мора да бара многу пари, но тоа ќе вклучи некоја почетна инвестиција, како и способност да ги покрие тековните трошоци пред да направите профит.

Направете табеларна пресметка која ги проценува еднократните стартни трошоци за вашиот бизнис (лиценци и дозволи, опрема, правни трошоци, осигурување, брендирање, истражување на пазарот, залихи, трговски марки, настани на големо отворање, закуп на имот, итн.).

Пресметајте колку очекувате ќе ви треба за да го задржите вашиот бизнис да работи најмалку 12 месеци (кирија, комунални услуги, маркетинг и рекламирање, производство, набавки, патни трошоци, плати на вработените, вашата плата итн.).

Подгответе го тимот и почнете со продажба

Ако планирате да имате тим од вработени, одлучете кои позиции треба да ги пополните, како и обврските за работата која ќе ја има секоја позиција.

Доколку планирате да работите со надворешни независни професионалци, треба да креирате соодветен договор. Најдобро е да побарате помош од адвокат и да почнете со пребарување на соодветните луѓе.

Откако вашиот тим е спремен за почнување со работа, треба да започнете со привлекување клиенти. Најпрво треба да креирате на маркетинг план, па одлучете како да го промовирате вашиот бизнис најефективно.

Без оглед на вашиот производ или индустрија, иднината на вашиот бизнис ќе зависи од приходите и продажбата.

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Диверзификација на портфолиото е чекор во вистинска насока

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Не е паметно целото портфолио да биде инвестирано во акции, ниту пак во обврзници или депозити

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Неколку совети за заштеда на пари

Објавено

на

Со штедењето на пари може да се изгради мало богатство кое ќе биде од голема помош во иднина. (more…)

Продолжи со читање

Популарно