Connect with us

Лични финансии

Бизнис Бар: Дали сте перфекционист? Еве како да внимавате да не ви попречи во работата!

Објавено

на

Ако се сметате за перфекционист, веројатно сте свесни за тежината што доаѓа со оваа карактеристика. Секако, постојат позитивни аспекти, како високо мотивираноста и вниманието на деталите, но и негативните страни се значајни. Перфекционистите доживуваат повисоки нивоа на стрес, избувнување и анксиозност.

Според неодамнешен напис на Harward Business Review, постојат две различни категории на перфекционизам. Прво, постои “перфекционизам кој се стреми кон извонредност”, кој вклучува барање високи стандарди на работа од себеси и од другите. Втората е “перфекционизам поради избегнување на неуспех”, каде постои опседнатост од потенцијалниот неуспех и губење на почитта, доколку работата не се достави како што треба.

Нивниот заклучок е дека перфекционизмот најверојатно не е конструктивен на работа. Всушност, не постои врска помеѓу перфекционизмот и работните перформанси.

Затоа, еве четири чекори кои ќе Ви помогнат да се вратите на вистинскиот пат:

Наутро запишете ги Вашите приоритети за тој ден.

Одлучувањето за тоа што е важно и што не, е клучно за намалување на стресот и подобрување на продуктивноста.

Завршете го денот, дури и ако не сте завршиле сè.

Вистинското приоритизирање значи да се чувствувате удобно со некомплетирање на сите задачи и обврски.

Идентификувајте една активност со низок приоритет и прекинете ја.

На тој начин ќе најдете време за кое не сте знаеле дека го имате и ќе го посветите на поважните задачи.

Правете една мала работа секое утро што Ви носи радост.

Тоа може да биде медитација, пешачење или доручек. На овој начин, ќе бидете фокусирани и продуктивни кога ќе стигнете на работа.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

10 навики на богатите луѓе кои можат да ви донесат финансиска слобода

Објавено

на

Ви се чини дека другите се поуспешни од вас поради среќа или одреден сплет на околности? Па, и не мора секогаш да биде така. Иако, секако, никој од нив не успеал на потполно идентичен начин, сепак богатите и успешни луѓе често имаат многу слични животни навики. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како да направите парите да работат за вас, наместо вие за пари?

Објавено

на

Работењето од наутро, па се до доцните вечерни часови, дефинитивно не е решение. Многу луѓе работат дури и прекувремено за да заработат колку што е можно повеќе пари, но на крајот повторно немаат доволно. Верувајте, нема ништо да постигнете ако целото време го поминувате на работа. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Бизнис бар: Како да давате совети без да изгледа дека шефувате

Објавено

на

Убаво е да им понудите зборови на мудрост на оние во вашите најблиски кругови, но границата помеѓу искреното давање совети и изгледот на сезнајко може да биде мала. Дури и ако вашиот совет е побаран или добредојден, сепак може да биде незгодно бирањето на вистинската порака. Уште покомплексно е да го понудите вашиот совет ако не се побара. (more…)

Продолжи со читање

Популарно