Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Вистинското време е сега

Објавено

на

Премногу луѓе дозволуваат можностите кои се појавуваат да исчезнат без да ги забележат и најчесто, животот се претвара во години со изгубени шанси. Најчесто тоа е поради комфорната зона. Тоа е епидемија од реалниот живот што спречува многу луѓе да ја креираат поуспешната верзија од себе. 

За момент, размислете за некои од најдобрите “први денови” што сте ги имале во животот – вашиот прв ден на кое било работно место, во ново училиште, во врска. Дали можете да го почувствувате адреналинот кога истражувавте нови можности и почнувавте нов момент?

Но, со текот на времето, можеби сте изгубиле дел од вашиот ентузијазам. Досадата ја заменува енергијата, нередот ги заменува новите идеи и рутините ја заменуваат креативноста.

Како да го одржите тој фокус и ентузијазам? Размислете за овие предлози:

Секој ден е подарок за вас

Секој ден е подарок исполнет со можности да се издигнете над стравот, самосомневањето и медиокритетот за да ја исполните вашата цел. Направете секој ден да биде полн со поставување на специфични цели за успех, а потоа вложете ги сите напори да ги надминете вашите сопствени очекувања.

Користете ја силата што веќе ја имате

Сите ние сме родени со одреден степен на моќ. Клучот за успехот е да се открие оваа вродена моќ и да се користи секојдневно при справување со какви било предизвици кои доаѓаат. Не чекајте другите да ги отворат вратите за вас. Луѓето во најтешки околности пронаоѓаат иновативни начини да ги отворат вратите за слобода, образование и деловен успех преку создавање свои услови. Направете свесен напор да го пронајдете вашиот извор на енергија, искористете го за да ја разгорите вашата страст и да ја ослободите големината во вас.

Не откажувајте се

Многу луѓе се обесхрабрени кога се соочуваат со тешкотии во постигнувањето на своите цели. Сепак, повеќето успешни луѓе не ги постигнуваат своите цели без пречки. Нивните достигнувања се имаат случено само откако вратите целосно им се затвориле, соништата наиделе на грешки и неуспеси, а околината постојано им потенцирала дека не се доволно добри. Сепак, разликата помеѓу оние кои победиле и оние што се откажале, честопати се наоѓа во нивото на упорност.

Подобрувајте се постојано

Како што се менува глобалниот пазар, мора да држеме чекор со она што се случува и постојано да ги подобруваме знаењата и вештините за исполнување на барањата. Секој ден, посветете се да бидете подобри, попознати и повеќе во контакт отколку што сте биле вчера. Периодично запишете се на часови или следете онлајн курсеви кои ќе ви помогнат да се подобрите.

Дејства за денес и за утре

Одејќи напред, еве три чекори што треба да ги преземете во наредните 48 часа што ќе ви помогнат секој ден да се однесувате како да е ваш прв ден во работењето:

  1. На крајот на секој ден, запишувајте ги достигнувања за тој ден и за работите што треба да ги подобрите.
  2. Направете план за подобрување на сите ваши слабости.
  3. Додека го започнувате секој работен ден, гледајте се како вистински шампион.

Креирајте “vision board” и поставете ја на место на вашето работно место за да ве потсетува на вашата цел и зошто вашата работа е важна. Треба да биде визуелно толку моќно што ќе ве инспирира секој пат кога ќе ја видите. Овој потсетник ќе ви помогне да го задржите тој свеж фокус додека одите кон своите цели.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Лични финансии

Четири чекори кои водат до стабилни лични финансии

Објавено

на

Четирите чекори кои водат до стабилни лични финансии можеби изгледаат како „чекор од седум милји“, но во реалноста не е толку тешко да се постигнат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Десет навики на луѓето со најголема самодоверба

Објавено

на

Ko-oсновачот на компанијата Sky Bell, Ендрју Томас, ги сподели своите искуства и размислувања за кои верува дека луѓето кои сакаат да градат доверба е потребно да ги имаат. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Како најдобро да ги користите платежните картички додека сте на одмор?

Објавено

на

Човек на одмор може целосно да се опушти, а таа ситуација лесно може да доведе до заборавање на провизиите и каматите за плаќање со кредитни картички. За платежните картички да не ви прават главоболки понатаму, прочитајте ги следниве корисни совети како најдобро да ги користите додека сте на одмор. (more…)

Продолжи со читање

Популарно