Connect with us

Останато

Бизнис бар: Видови на колеги кои ги има во секоја канцеларија

Објавено

на

Постојат неколку видови на колеги кои можеме да ги сретнеме на секое работно место и во секоја канцеларија.

Зафатениот/Зафатената

Овој лик е секогаш преокупиран со работа за да разговарате или да ви помогне со проект. Зафатените колеги одговараат на вашата е-пошта само по огромна количина на поттикнување. Штом сте фокусирани на некој проект, тие сакаат да исцедат неколку минути од денот со некое многу интересно прашање што едноставно “не може да чека”. Сè што прави зафатениот е секогаш “најважно”.

‘Cool’ шефот

Cool Шефот сака да знаете дека тој/таа се исти како вас. Cool шефот не сака да носи досаден костум. Cool шефот не е зависен од „титули“ или „политика на компанијата“. Но, за разлика од вас, Cool шефот добива многу повисока плата од вас и може да крши правила без да биде казнет.

Оној кој споделува премногу

Да, се прашуваме едни со други како сме, никој од нас не е чудовиште. Освен овој вид на колега, кој ја користи приликата како изговор за да започне длабок монолог полн со детали што повеќето од нас дури и не би ги споделиле со нашите терапевти. Ако има некој од овие личности кои го читаат ова сега, само знајте три работи:

1) Никој не сака да види повеќе од една слика за вашиот одмор.

2) Деталите за вашиот љубовен живот нам не ни се потребни.

3) Да, треба да го проверите исипот, но не треба прво да ни го опишете.

Чудниот програмер

Не секој кој работи во информатичка технологија е чуден, но сите што се до толку чудни се програмери. Оваа личност комбинира голем број чудни карактеристики и ги става под дуксер. Шегите кои се препознатливи само како шеги заради незгодната пауза после нив се голема карактеристика. Постојаното чувство дека тие треба да бидат на некое друго поважно место. Ти се чини како чудниот програмер научил како да биде човек со преземање на најлошите квалитети на сите други колеги во канцеларијата и ги комбинирал во себеси. Но, на сите ни треба човек во ИТ – па затоа го слушате како зборува за Java и цртани филмови бидејќи – кој друг ќе ви го поправи работниот компјутер?

Напумпаниот билдер

Сите ние се бориме со тоа како да ја балансираме работата, нашите социјални животи и нашето здравје. Но, не и напумпаниот билдер. Тој честопати ги користи работните простории за да се пресоблече во и надвор од облеката за тренинг, со што не прави остатокот од нас да се чувствуваме како комплетни бездомници. Муабетот со оваа индивидуа може да биде дури и полош од чудниот програмер.

Текстовите авторски се пишувани на веб страната biznisbar.mk и се објавуваат на веб страната bankarstvo.mk како дел од соработката помеѓу Бизнис Бар и Банкарство.

LinkedIn – Бизнис Бар

Instagram – Бизнис Бар

Facebook – Бизнис Бар

Останато

Во САД 6,6 милиони луѓе останале без работа – сигнал дека Америка тоне во рецесија

Објавено

на

Во САД, 6,6 милиони работници останале без работа поради пандемијата на коронавирусот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ангеловска: Најбргу ги очекуваме поволните средства од ММФ, согласно потребите ќе се носат и нови мерки

Објавено

на

Најбргу ќе стигнат средствата од Меѓународниот монетарен фонд од странските ликвидносни инјекции, кои се очекува најверојатно да стигнат во текот на месецов, рече министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за „Утрински брифинг“ и дополни дека ќе се користат средства и од Светска банка, од Европската Унија, како и од обврзницата за премостување. Таа посочи дека овие средства ќе се користат повеќе месеци, согласно потребите за вбризгување средства во стопанството, а дека согласно потребите ќе се носат и нови мерки. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Прифати го предизвикот – стани маркетер во Lyconet мрежата

Објавено

на

Во состојба на голема економска и трудова неизвесност, младата популација е онаа категорија која е доста погодена, и стапката на невработеност е највисока токму кај неа. Покрај невработеноста, моментално се наоѓаме и во време на пандемија, а тоа дополнително ги загрижува како младите така и сите компании. Ретки се компаниите кои не се погодени во овие моменти, и не трпат намалување во човечките ресурси. Исто така, не секоја компанија може да им понуди кариера на млади луѓе кои имаат скромно или никакво работно искуство. Lyconet (Лајконет) затоа, и во овие тешки околности, им нуди можност на сите генерации да започнат да развиваат професионални вештини и веднаш да градат работно искуство и кариера.

(more…)

Продолжи со читање

Популарно