Connect with us

Лични финансии

Бизнис бар: Вештини за работа кои треба да ги имате

Објавено

на

Овие пет работи секогаш ќе бидат важни и секогаш имате простор да ги подобрите.

Пишување

Не е доволно едноставно да знаете да се служите добро со тастатурата, модерната канцеларија бара вашето пишување да биде брзо и прецизно.

Никој не забележува просечно пишување, но сите забележуваат лошо пишување. Вашиот шеф сигурно ќе го забележи одличното пишување.

Microsoft Excel

Не е тајна дека Excel е досадна програма од Microsoft Office, но исто така е и една од најважните.

Научете како да креирате убави графикони и табели со разбирање на популарните формули кои ја прават програмата толку корисна.

Јавно говорење и презентирање

Не е важно колку се добри вашите идеи, ако сакате компетентно да ја завршите својата работа треба да бидете сигурни и ефикасно да комуницирате во просторија полна со колеги и претпоставени.

Математика

Бројките се предизвици со кои сите треба да се соочиме во канцеларијата порано или подоцна.

Најважно е да се фокусирате на деловната математика, да ги прескокнете сите работи што нема да бидат важни и да имаат директно влијание врз различните проблеми што треба да ги решите.

Лични финансии

Финансиски совети од Институтот на овластени ревизори на Република Македонија

Објавено

на

Покрај грижата за вашето здравје и здравјето на вашите најблиски, периодов е навистина тешко да се фокусирате на финансиското планирање, организирањето на средствата и стабилноста на инвестициите. Сепак, глобалната пандемија налага детално и одговорно планирање на финансиите, со цел оваа (досега) краткорочна криза да не се претвори во долготраен финансиски проблем. Од таа причина, Институтот за ревизија на РМ издвои неколку совети кои би можеле да ви помогнат во невообичаениот период низ кој сите ние поминуваме. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

5 совети за вашиот бизнис од Џек Ма

Објавено

на

Џек Ма има нето вредност од 40 милијарди долари. Тој го трансформираше B2B пазарот со тоа што ја создаде најголемата B2B платформа во светот, Алибаба. Во слободно време тој е life & business coach. (more…)

Продолжи со читање

Лични финансии

Генерали Инвестментс советува: Неопходен е избалансиран пристап кон инвестициите, со поголема изложеност кон индустриите кои подобро ја преживеале кризата

Објавено

на

Портфолио менаџерите во Генерали Инвестментс составија резиме за тековните случувања кои влијаат врз пазарот на капитал и актуелни совети за инвеститорите. (more…)

Продолжи со читање

Популарно