Connect with us

Останато

Бизнис ангелите се неопходна алатка за остварување на успешни старт-ап приказни

Објавено

на

Улогата и потребата од бизнис ангели се прашања кои сè повеќе стануваат актуелни во светот на бизнисот.  Ова беше главна тема на вчерашната трибина Стани бизнис ангел – поддржете успешна бизнис идеја, којашто се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

“Добро подготвената бизнис идеја којашто е спремна за инвестиција е клучниот мотив за бизнис ангелите да инвестираат“, потенцираше Сибил Зутер, амбасадорката на Швајцарија, за време на настанот.

На трибината, чијашто цел беше да се запознаат присутните што значи да се биде бизнис ангел, покрај амбасадорката се обратија и Јован Маџовски од CEED Global, кој го отвори настанот, Арон Браун, бизнис ангел од Швајцарскиот клуб на бизнис ангели, Академик Абдулменаф Беџети, ректор на Универзитетот на Југоисточна Европа, Вељанд Рамадани, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, министерот без ресор, Зоран Шапуриќ и Блерим Златку, државен советник за индустриска, политика конкурентност и општествена одговорност.

За време на трибината, присутните имаа можност да се запознаат со придобивките на бизнис ангелите, најчестите мотиви за инвестиција во стартапите, да дознаат повеќе за светскиот тренд на овие инвестиции.

Практиката досега вели дека малите пазари како што е и Македонија, не се во потесниот избор за инвестирање од страна на бизнис ангелите, но со заложбите како трибината и едуцирањето за овој тип на инвестиции, тоа може да се смени.

Со самата инвестиција доаѓа и ризикот што треба да се прифати, но тука е и шансата за мотивација, поддршка, учење, профит и останатите придобивки што произлегуваат од соработката помеѓу стартапот и бизнис ангелот.

Иновациите го движат светот напред и токму младите бизниси со добри идеи се тие на коишто најмногу им е потребна помош. Бизнис ангелите можат да одиграат клучна улога во просецот и оттука произлегува и потребата за зголемување на ваквиот тип на инвестиции.

Вчерашната трибина беше само еден мал дел од заложбата да се создаде поголемо портфолио на бизнис ангели во Македонија, каде досега свој значителен придонес има CEED Business Angels Club (CEED BA Club).

Настанот беше организиран од страна на CEED Macedonia Business Angels Club, со поддршка од Министерство за економија и Швајцарската програма за претприемништво (#SwissEP).

CEED Business Angels Club е формиран, во ноември 2013 година и е меѓу првите од ваков вид во Македонија. Од Јануари 2016 година, клубот е официјално членка на Еврoпската мрежа на бизнис ангели – EBAN (European Business Angel Network). Со негова помош досега се претставени 135 бизнис идеи, а остварени се инвестции во висина од 250.000 евра.

Останато

Соработката помеѓу Асоцијацијата за е-трговија, Царинска управа и ДХЛ покажува резултати!

Објавено

на

Според последните достапни податоци од НБРМ кои се однесуваат на третиот квартал од 2018 година, со платежни картички се направени трансакции во вредност од 100 милиони евра за купување онлајн што претставува 28% пораст во однос на истиот период минатата година. Од направените онлајн купувања најголем дел (63%) биле потрошени за купувања од странски е-трговци или скоро 63,34 милиони евра. Големината на вредноста на средства потрошени кон странски е-трговци покажува и колку е значајно поедноставувањето на увозните постапки.

Со поедноставувањето на увозните постапки за брзи пратки крајните корисници ќе заштедат време, ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки и ќе се избегнат административните процедури кои беше потребно да се обезбедат од страна на примачот пред да се подигне пратката.

Новата постапка за царинење на брзите пратки претставува поедноставување на самата царинска постапка за пратките коишто доаѓаат преку брзите пошти. 

Имено граѓаните и фирмите кои добиваат роба од интернет, во иднина нема да мораат да доаѓаат на царина како би извршиле декларирање, подигање и плаќање на самиот царински долг. Во овој случај брзите пошти стануваат декларант, со што се скратува постапката за царинско ослободување на стоката која доаѓа преку интернет и се овозможува скратување на времето за испорака, кое во некој просек досега се движише од околу 72 часови, а сега од 72 часови ќе се намали на 24 часови. – изјави директорот на Царинската управа, г-дин Ѓоко Танасоски

ДХЛ Експрес Македонија е првиот овластен декларант преку кој може да се овозможи оваа поедноставена постапка. ДХЛ ќе добиваат информации за какви пратки се доставуваат уште пред истите да бидат пристигнати во Македонија. Всушност додека пратката се транспортира од одредена адреса во Македонија, по претходно одобрување од страна на крајните примачи на пратките, ДХЛ Експрес Македонија во име на примачот ќе може да ги извриши сите административни работи за пријавување и царинење на стоката и подмирување на царинскиот долг, со што по пристигнување на пратката истата веднаш ќе се испорачува до примачот. Со ова ќе се зголеми ефикасноста при испорака на пратки, а крајниот примач ќе биде ослободен од административни процедури, без разлика од која вредност е пратката.

Сведоци сме дека пратки од ЕУ до нас пристигнуваат за 12 до 18 часа, но притоа за спроведување на постапката за увозно царинење и достава до крајниот корисник, потребни се не ретко 48-72 часа. Конкретно физичките лица за да оцаринат пратка којашто е пристигната во Р. Македонија за нив, трошеа многу време, пополнуваа многу документи, административните постапки беа многу долги. Сега со добивањето на одобрението всушност очекуваме дека ова време ќе биде скратено најмалку за 24 часа, притоа ќе им заштеди време во транспорт, логистика, пополнување на документи и секако правење на дополнителни трошоци за истото. Всушност ДХЛ Експрес Македонија ќе се јави како нивни застапник пред Царинаската управа, ќе ги плати сите потребни давачки во нивно име и следното утре пратката ќе ја достави на нивна адреса. – вели Биљана Мановска Наунчевска, оперативен менаџер на ДХЛ Експрес Македонија.

АЕТМ од своето основање работеше на мапирање на пречките, бариерите, предизвиците кои што стојат на патотот на развој на е-трговијата и секако на формирање на препораки. Со потпишување на меморандуми за соработка со клучните институции помогна за поттикнување на промени кои се однесуваат кон подобрување на е-трговијата.

Оваа промена за поедноставување на увозните постапки за брзи пратки повеќе се однесува на побарувачката во е-трговија, односно кога граѓаните прават онлјан нарачки на производи од странство. Не радува што Царинската управа е отворена за промена и се надевам дека ова е само една од низата промени кои ќе следат. Во текот на оваа година ќе бидеме фокусирани да иницираме повеќе промени коишто ќе значат и промени на страната на понудата, односно да ја зголемиме конкурентноста на домашните компании и да им го олесниме патот за да нивните производи може полесно да ги продадат и пласираат и на странски пазари, истакна Нина Ангеловска, претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

Продолжи со читање

Останато

ССК: Домашните компании недоволно соработуваат со компаниите во зоните со потенцијал за раст

Објавено

на

Да се интензивира соработката на домашните компании со инвеститорите во слободните економски зони, преку пренесување на знање, технологии, менаџерски вештини во насока на зајакнување на нивната конкурентност, како и можности за отворање на пазарот надвор од државата, беше истакнато на денешната прес конференција на Сојузот на стопански комори (ССК). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Регионална конференција за социјално претприемништво

Објавено

на

Завршен настан од проектот „Смарт Старт: Оддржливо влијание на граѓанските организации од Македонија, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Турција преку социјално претприемништво и социјални иновации” ќе се одржи денеска во Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Популарно

Copyright © 2018 bankarstvo.mk. All Rights Reserved. Developed by Digital Orange