Connect with us

Странски банки

Бизнисите со марухуана влегуваат во банкарскиот систем – Ризици и можности

Објавено

на

Бизнисите во САД кои работат со одгледување и продажба на марихуана ќе може да влезат во регуларниот банкарски систем. Новата регулатива наречена Secure and Fair Enforcement (SAFE) Banking Act која влезе во Конгресот ќе овозможи овие компании да добиваат целосни банарски услуги на територијата на САД. На тој начин ќе се спречи бизниси кои оперираат со милијарди долари да работат само со кеш, па така ќе има и помал простор за сива економија, односно непријавени приходи.

Од друга страна пак, економските експерти од САД предупредуваат дека се возможни злоупотреби од страна на нарко картелите кои гледаат свои можности за влез на легалниот пазар со марихуана преку фиктивни компании преку кои би ги официјализирале своите црни пари.

Марихуаната во САД е дефинирана како супстанца од прва категорија, односно дека е на исто рамниште како кокаинот и ЛСД и нема утврдено медицински бенефити без оглед што се користи за специфични состојби, на пример за терапија за глаукома или пак за ублажување на болките кај пациенти кои се хемотерапија или пак се соочуваат со силни болки наместо употреба на пилули.

Стапувањето на сила на SAFE регулативата ќе овозможи пристап до сигурниот федерален банкарски систем, а со тоа и преминување на марихуаната како дрога од прва категорија преку сојузните граници. Експертите сметаат дека овој проблем ќе постои се додека рекреативната употреба на марихуаната не биде утврдена на федерално ниво на целата територија на САД.

Засега 33 сојузни американски држави ја легализираа медицинската употреба на марихуаната, додека пак 11 од кои Колорадо, Калифорнија и Вашингтон ја направија легална за рекреативна употреба на возрасни.

Дел од законодавците во Конгресот ќе поднесат амандмани со кои ќе го ограничат банкарското финансирање на бизниси со марихуана само во сојузните држави каде е легализирана со цел да спречат картелите од Латинска Америка преку границата да продолжат со шверцот на канабис во фиктивни компании, а со тоа и да добијат пристап до финансиските институции. Следна станица за одлучување по SAFE регулативата ќе биде Сенатот, односно горниот дом на Конгресот каде мнозинството го држат Републиканците.

Инаку, промената на регулативата ги живна берзите, па така расте пазарната вредност на компании кои се бават со производство и продажба на канабис.

Криптовалути

Кина им подели по 25 евра на граѓаните на Шенжен за популаризација на дигиталната валута

Објавено

на

Кинеските власти на 50.000 жители на Шенжен избрани по случаен избор им поделија дигитални валути во вредност од 10 милиони јуани, што е еднакво на околу 25 евра по лице. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Французинката Одил Рено-Басо е нова директорка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР)

Објавено

на

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја избра денеска Французинката Одил Рено-Басо за нова директорка, на своето Генерално собрание кое се одржува виртуелно поради пандемијата на Ковид-19. (more…)

Продолжи со читање

Странски банки

Акционерите на ЕБОР го одобруваат членството на Ирак

Објавено

на

Ирак го направи првиот чекор да стане членка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). (more…)

Продолжи со читање

Популарно