Компании
Биди во тек, менаџирај успешно!

Навремената и точна информација е предуслов за носење сигурни одлуки и успешно менаџирање, затоа имајте доверба во тимот на Македонско кредитно биро!
Под слоганот „Вистински информации-сигурни планови“, МКБ 13 години е деловен партнер на сите физички и правни лица. Нуди брз и точен увид за статусот на долговите и подмирувањето на истите, а воедно овозможува олеснување на процесот на деловно одлучување и одржување на финансиска стабилност.
Управувајќи со најголемата и најкомплексна база, која вклучува процес на прибирање, обработка и размена на податоци за обврските, МКБ претставува единствена инстутиција во земјата која изготвува извештаи за задолженоста и редовноста во подмирувањето на обврските. Податоците во зависност од природата, се ажурираат на дневна и месечна основа, со цел гарантирање на точноста и прецизност на истите.
Преку Сопствениот извештај, физичките и правните лица, можат да ја согледаат својата моментална задолженост, а со тоа да спречат евентуално презадолжување и избегнување на дополнителни трошоци.
МКБ на компаниите им нуди единствена можност да извршат проверка на бонитетот, задолженоста и редовноста во измирувањето на обврските на нивните сегашни и идни деловни партнери преку т.н. Корпоративен-бонитетен извештај. Користењето на овој извештај овозможува намалување на ризикот во деловното работење. МКБ во 2016 година склучи договор за размена на податоци со Италијанското кредитно биро CRIF S.p.A, со што овозможи на македонските компании преку т.н. Меѓународен извештај да добијат бонитетни информации за било кој правен субјект ширум светот.
Следејќи ги позитивните светски практики во насока на подобрување на квалитетот на услугите, а со цел да одговори на барањата и потребите на клиентите, МКБ целосно го дигитализира пристапот кон своите извештаи и овозможи на брз, едноставен и практичен начин да се добијат истите, преку порталот МОЈ МКБ.
Компании
Оглас за вработување на Директор на сектор деловна мрежа во Штедилница Можности

Штедилница Можности, регулирана финансиска институција со лиценца од Народна банка на РС Македонија, објавува повик за пријавување на квалификувани и мотивирани кандидати за позиција (more…)
Компании
Македонскиот процесор КАСИС станува дел и од UNION PAY International

Единствениот македонски процесор КАСИС АД Скопје сертифициран од страна на меѓународните мрежи Mastercard/Visa/Diners International ја заoкружи 2022 година со одобрена апликација од најголемата кинеска картична шема UNION PAY International или т.н China UnionPay која има над 7 милијарди издадени платежни картички. (more…)
- Анализипред 3 days
ТЕШКА ГОДИНА – РЕКОРДНИ ПРОФИТИ: Трите најголеми македонски банки со добивка од 117 милиони евра во 2022 година
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Депозитипред 1 month
Халкбанк АД Скопје ги зголеми каматните стапки за физички лица на сите депозитни производи
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Банкипред 2 weeks
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Очекувања 2023 година | МИЛКА ТОДОРОВА, УНИБанка АД СКОПЈЕ
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка воведе услуга за електронска идентификација на клиенти без посета на шалтер