Connect with us

Останато

Бесими: Ќе има ребаланс на буџетот, ќе се насочиме кон штедење!

Објавено

на

Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „24 анализа” истакна дека во тек се и разговорите и преговорите со министерствата во однос на ребаланс на буџетот. Поради војната во Украина, очекувано е дека проекциите ќе се корегираат. Инфлацијата ќе биде повисока и токму поради тоа ќе се корегира и сегашната стапка на БДП.

„Проектите кадешто има забавена динамика, ќе се кратат. Не препорака, туку ќе има владина одлука за штедење во економска криза и таа нема да важи само за министрите, туку кон неа треба да се придружуваат градоначалници, директори на други државни институции”, истакна Бесими.

„Не е исклучено Македонија преку еврообврзница да земе кредит од 600 милиони евра, односно целото планирано задолжување за годинава да се земе однадвор. Подготвките се завршени, се чека погоден момент кога со нашите партнери ќе излеземе на пазарот”, додаде Бесими.

Очекува дека каматните стапки нема да бидат високи.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно