Connect with us

Останато

Бесими: Стапки на раст од околу 5% може да се постигнат преку 4 столба развојни политики

Објавено

на

Удвојување на растот, од просечната стапка од 2-2,5% во изминатите 10 години на просечна стапка од 4-5% во наредниот период, може да се постигне преку спроведување на четирите столба на политики – заздравување од ковид-кризата, политики за забрзување на растот, политики за зголемување на конкуретноста на економијата и политики за инвестирање во човечки капитал. Ова го истакна министерот за финанси Фатмир Бесими во гостување на емисијата „Економски магазин“ на Алсат-м.

„Инсистиравме овој буџет за првпат да има петгодишно предвидување, бидејќи кога зборуваме за политики, за структурни измени, и кога зборуваме за тоа што е есенцијално за зголемување на стандардот на граѓаните, несомнено е потребно предвидување од неколку години. Буџетот за 2021 на првите страници ги има приоритетите, но содржи и петгодишна рамка. Тоа се: фискална консолидација во текот на пет години, потоа стратегијата за економска обнова, но и забрзување на економскиот раст, како и планот за јавни инвестиции од 2021-2025 г. Сите овие треба да ја дадат приказната, и аргументите и траекторијата како ние ќе го реализираме ова забрзување на економскиот развој, ако во последните 10 години сме имале 2.5% просечен годишен раст, да стигнеме до 4-5% на просечно зголемување во периодот кој следи” – вели Бесими.

Политиките кои ќе доведат дотаму може да се категоризираат во четири столба, наведува министерот за финансии.

„Првиот е да го менаџираме ковид-ефектот: здравствениот аспект, заштита на економијата и зачувување на работните места. Втората категорија, како втор столб е забрзувањето на економскиот развој, што се однесува на сите инвестиции кои се во инфраструктурата, дигитализацијата, справувањето со сивата економија и сите други аспекти кои се вклучени тука. Третата категорија е зголемувањето на конкурентноста на економијата. Тука се подразбираат сите политики кои поддржуваат инвестиции, разни иновации, зголемувањето на конкурентноста и извозната ориентираност на компаниите, но и зголемувањето на инвестициите, освојување нови пазари и носење нови технологии. И четвртиот столб е инвестирање во човечки капитал, што подразбира, квалитетно образование кое ќе биде согласно побарувачката на пазарот и одржливо здравство” – рече Бесими.

Криптовалути

Facebook ја пушта во оптек својата криптовалута „Libra“

Објавено

на

„Facebook” ќе ја пушти својата криптовалута „Libra“ веќе во јануари, објави „Financial Times“, повикувајќи се на три извори. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно