Connect with us

Останато

Бесими со порака до инвеститорите на форумот на Euromoney: Економски раст годинава, догодина забрзување на растот

Објавено

на

„Годинава нашата економија ќе се врати на патеката на економскиот раст, додека следната година ќе го достигне преткризното ниво. На среден рок, очекувам повисоки стапки на раст на економската активност и достигнување на просечно ниво од 5% во следните 5 години, со паралелна фискална консолидација во насока на одржливост на растот”, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на Форумот на Централна и Источна Европа, што го организира „Еуромани“ и е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите.

На панелот на кој учествуваше министерот Бесими, учество земаа и вицепремиерите и министри за финансии на Хрватска и Унгарија, како и министрите за финансии на Полска и Бугарија. На форумот на Еуромани редовно учествуваат министри за финансии, гувернери на централни банки, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во дискусиите и анализите на учесниците, секоја година, вниманието е насочено кон најважните прашања за финансиските пазари и воопшто за економиите во Централна и Источна Европа и важи за редок настан од таков формат којшто овозможува поврзување на економистите заинтересирани за регионот на ЦИЕ – како на претставниците на институциите што донесуваат политики, така и на претставниците на банкарскиот сектор, учесниците на финансиските пазари и на инвеститорите.

Министерот Бесими истакна дека годинава се очекува закрепнување на инвестициската активност, потрошувачката и нето странската побарувачка, при што е проектиран раст од 4,1% во 2021 година, согласно основното сценарио. Ова сценарио претпоставува слабеење на здравствената криза и етапно подобрување на епидемиолошката слика, повисока искористеност на производствените и услужните капацитети, поволни ефекти од економските мерки, како и зголемена доверба кај потрошувачите и инвеститорите.

Тој посочи дека редизајнирањето на буџетската политика и политиките насочени кон економско заздравување и забрзан раст-SmartER Growth Policies се цврста основа за забрзување на економскиот раст во наредниот период, враќање на економијата на преткризната патека на раст во втората половина на 2022 година и обезбедување на побрз економски раст на среден и долг рок. Главна цел е на среден рок, како што посочи министерот, да се забрза економскиот раст од 2,6%, колку што бил просечно годишно во претходните десет години, на околу 5% просечно во следните пет години, а притоа да се постигне и фискална консолидација за да се обезбеди одржлив и инклузивен раст.

Министерот за финансии Бесими рече дека одговорот на пандемијата од страна на нашата Влада преку фискалната политика бил брз, внимателно таргетиран и значаен од аспект на поддршката на претпријатијата и вработените во најпогодените дејности и на ранливите категории на население. Четирите пакети на економски мерки беа насочени кон поддршка на домаќинствата и нивната потрошувачка, помош за фирмите со цел одржување на работните места и подобрување на нивната ликвидност, но и нивна поддршка за инвестиции и извоз. Тој посочи дека државната помош преку различни мерки ќе продолжи и во 2021 година, со цел побрзо закрепнувањена домашната економија и создавање основа за забрзан економски раст на подолг рок.

Во однос на привлекувањето на странски директни инвестиции, министерот за финансии рече дека новите законски решенија се во насока на привлекување на инвестиции кои ќе продуцираат поголема додадена вредност. Тој посочи дека во изминативе години учеството на извозот на компаниите во ТИРЗ во вкупниот извоз на стоки од економијата постојано е во пораст, достигнувајќи 43,5% од вкупниот извоз во 2019 година. Министерот Бесими истакна и дека како резултат на странските инвестиции во зоните има подобрување во структурата на извозот, односно зголемување на учеството на производи со повисока додадена вредност, главно машини, транспортни уреди и хемиски производи, кое во 2019 година достигна 57,2% од вкупниот извоз, наспроти 17,3% во 2010 година.

Останато

Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023

Објавено

на

Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти

Објавено

на

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?

Објавено

на

Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)

Продолжи со читање

Популарно