Connect with us

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание.

Во однос на развојната компонента на буџетот за 2021 година, министерот за финансии посочи и дека се превидени средства за капитални проекти за 20% повеќе во однос на ребалансот, како и дека за првпат има 5-годишна рамка за проектите со цел да се подобри нивнината реализација.

„Буџетот за идната година треба да даде перспектива за раст и развој. Поради тоа капиталните инвестиции споредбено со ребалансот предвидуваат зголемување за 20%. Предвидуваме и со механизми со кои сметаме дека може да се подобри реализацијата. Во самиот документ има листа на капитални проекти на среден рок, како автопатишта, железничка инфраструктура, енергетска инфраструктура, комунална инфраструктура, инфраструктура од образование и здравство” – вели министерот за финансии.

Во однос на економскиот развој и соочување со тековната ситуација министерот во однос на четвртиот пакет мерки посочи дека за месец октомври за околу 14.000 правни субјекти е веќе одобрена финансиска поддршка за исплата на плати со што се опфатени околу 58.000 работни места. Станува збор за 15 милиони евра, кои воедно се инјектираат и во стопанството.

Министерот посочи дека економското заздравување и развојот на економијата ќе се поттикнуваат и преку Стратегијата за економско заздравување и раст, преку која на среден рок ќе се обезбедат стапки на раст од 4-5% или двојно повеќе во однос на просекот од последните десет години.

Останато

Лагард: Да се регулира тргувањето со биткоинот поради перење пари

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, повика на глобално регулирање на трговијата со биткоин, наведувајќи дека оваа дигитална валута во некои случаи се користи за активности за перење пари и дека е потребно да се затворат сите „дупки“ во регулативата, пренесува „Reuters“. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Биткоинот повторно достигна вредност од близу 40.000 американски долари

Објавено

на

Вредноста на биткоинот повторно се искачи на близу 40 илјади американски долари. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева ги повика владите во светот да трошат што е можно повеќе

Објавено

на

Креаторите на политики ширум светот треба желно да прифаќаат зголемување на трошоците за да помогнат во заживување на нивните погодени економии, изјави шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Гергиева на годишниот руски економски форум „Гајдар”. (more…)

Продолжи со читање

Популарно