Connect with us

Останато

Бесими: Сите економии ги прошируваат дефицитите за да ја стимулираат економската активност

Објавено

на

Ковид е најголемата економска криза која се случила од Големата депресија наваму, поголема и од Светската економска криза од 2009 година и кај сите земји во светот се проширува дефицитот за да се поттикне економската активност, додека проекциите за економските резултати се негативни, посочи министерот за финансии Фатмир Бесими на општата расправа за ребалансот, на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Министерот за финансии посочи дека во однос на економскиот раст за првите два кавратала, резултатот на земјава е -6,4%, за првите два тримесечја. Во регионот Грција има пад од -8,5%, Словенија од -7,9%, Хрватска од -7,8%, Албанија од -6,3%, Бугарија од -4,2%, додека ако се земат предвид и европските земји падот на БДП во првото полугодие во Европската унијае – 6,4%, Германија -6,5% , Хрватска -7,8%, Словенија -7,9%, Белгија -8,5%, Аврстрија -8,9%, Италија и Франција -12,1%, Велика Британија -12,3% согласно Евростат.

Во однос на буџетскиот дефицит, тој е проширен кај најголем број од светските економии со цел да се финансираат здравствените и економските мерки за надминување на Ковид-кризата. Така на пример, Норвешка – земја која традиционално има висок буџетски суфицит од над 7,6% од БДП во просек во последните 10 години, годинава проектира буџетски дефицит. И земјите во регионот проектираат високи буџетски дефицит: Црна Гора -10,4% од БДП, Албанија -8,4%, Србија -8,1%, Хрватска -8,1%, Косово -7%.

Бесими посочува дека опфатот ковид-кризата во однос на светската финансиска криза од 2009 година и на должничката криза од 2012 година е значително повисок во однос на опфатените економии, како и од висината на импактот на кризата.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно