Connect with us

Останато

Бесими: Се очекува следната година да биде година на опоравување со раст од 4,8% на БДП

Објавено

на

Растот за 2021 година првично се очекува да биде 4,8% од БДП, согласно основното сценарио. Следната година се очекува да биде година на економско опоравување, иако појдовната основа за растот од 4,8% ќе биде пониска од претходната година, вели во интервју министерот за финансии, Фатмир Бесими за Економски магазин на телевизија Алсат-М. Тој посочува и дека кризата предизвикана од коронавирусот е од многу поголеми размери во однос на светската финансиска криза од 2009 година.

За 2021 година претпоставуваме дека ќе биде година на економско опоравување со економски раст кој првично е предвиден на 4,8%. Тука сакам да бидам коректен, овие 4,8% раст се базираат  на пониска основа од 2020 година. Сепак овој раст јасно ќе зборува за динамиката на опоравување на економијата, за брзината на растот, и колку можеме да креираме економска ситуација со економските мерки и проекциите, која ќе донесе предвидливост и раст” – рече Бесими.

Бесими посочува дека корона кризата е во поголеми размери од глобалната финансиска криза од 2009 година.

Падот во третиот квартал, зборувам за 2009 година, беше 3,7%. Сега на годишно ниво имаме проектирано пад од 3,4% од БДП, со тоа што во првите 6 месеци имаме пад од 6,5%, а само во вториот квартал 12,7%. Разликата помеѓу 2009 и 2020 година е четирикратно поголем пад на економијата, зборувам за нашата земја, но и кај глобалната економија е исто. Друг момент за којшто зборуваме е дека државниот и јавниот долг во 2009 година соодветно изнесувале 23,6% и 26,2% од БДП. Сега јавниот долг изнесува 59,5%, а до крајот на годината се очекува да изнесува  59,7%. Ова е ситуацијата со која денес се соочуваат Министерството за финансии и домашната економија. Предизвикот и општо главниот приоритет е да се спаси домашната економија, реалната економија и работните места во оваа глобална кризна состојба” – вели Бесими.

 Тој најавува дека структурата на Буџетот ќе мора да се ориентира повеќе кон капиталните инвестиции.

Во структурата на Буџетот имаме позиции коишто се резултат на нашиот систем во целина, би додал и на нашиот уставен поредок. Ние по Устав сме дефинирани како социјална економија, што подразбира дека социјалното и здравственото осигурување се гарантирани за секој граѓанин, било да е вработен или да е пријавен како барател на работа, или како социјален случај. Го споменувам ова, бидејќи ова се трошоци што со години, децении се дел од Буџетот и се скапи. Другата буџетска позиција се трошоците за функционирање и одржување на администрацијата. И третата позиција се капиталните трошоци, или јавните инвестиции како што ги познаваме пошироко, кои треба да се покачат” – вели Бесими.

Останато

ИОРРМ преку видео конференција успешно организираше електронско изборно собрание

Објавено

на

На 16ти октомври 2020 година се одржа изборното собрание на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија (ИОРРМ), за првпат во целосно дигитална форма. Во време на неизвесност и отежнати услови заради пандемијата на COVID-19, ИОРРМ одлучи 27-та седница на Собранието на ИОРРМ да се одржи во форма на видео-конференција, пред се поради заштита на здравјето на членовите и вработените на ИОРРМ.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Што направи виртуелниот експерт Славчо од А1 Македонија за 30 дена?

Објавено

на

Виртуелениот експерт Славчо е чет-бот кој разбира и зборува македонски јазик. Со него можете да комуницирате на кирилица или латиница. Комуникацијата со Славчо е целосно бесплатна, a со него можете да разговарате на веб страницата на А1 Македонија или преку апликациите Viber и . (more…)

Продолжи со читање

Останато

Шпанските банки виновни за “хаосот” во Барселона?

Објавено

на

Фото: AS

Хаосот во Барселона повторно продолжува откако играчите ја отфрлија молбата на раководството за намалување на платите, обелоденија медиумите во Каталонија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно