Останато
Бесими: Светска банка укажа на фактот дека мерките придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата


Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека најновиот извештај на Светска банка е објективен и претставува слика за сето она што се случуваше во македонската економија и она што се очекува во текот на годината.
„Она што е важно е дека во главните забелешки се укажува на фактот дека мерките што беа преземени придонесоа за ублажување на ефектите од ковид-кризата. Важно е тоа што препораката е да се продолжи со таквите мерки за поддршка на економијата и во текот на 2021 година”, изјави Бесими, одговарајќи на новинарски прашања по денешната презентација на бескаматната линија „Ковид 4“.
Во следниот период, како што истакна, ќе се продолжи во насока на закрепнување на економијата и создавање на одржлива основа за долгорочен, стабилен и забрзан економски раст.
Нагласи дека кон средината на годината во зависност од економските движења извесно е дека ќе треба да се направи ребаланс на Буџетот.
„Сега сме во фаза кога се анализира реализацијата на Буџетот. Во првиот квартал имаме прилично добра реализација на приходите согласно нашите проекции и подобри во однос на првиот квартал минатата година. Кај расходната страна гледаме каде во наредниот период, според потребите, ќе има можност да се релоцираат дел од средствата и дел веројатно ќе треба да се додадат во Буџетот за да се поддржат мерките кои ќе ги соопшти Владата во зависност од потребите”, изјави Бесими.
Повтори дека постојано се следат движењата во економијата и како пандемијата се одразува и согласно на тоа ќе се реагира и во следниот период.
За тоа дали ќе продолжи мерката за финансиска поддршка на плати Бесими упати на тоа дека мерката што денеска ја презентираа заедно со Развојната банка е многу слична.
„Истата мерка до 50 проценти може да биде грант ако има раст на приходите и на бројот на вработени”, дополни Бесими.
Останато
Извозот во првите шест месеци зголемен за 20,2%, а увозот за 28,7 проценти


Вкупната вредност на извозот од земјава во периодот јануари – јуни 2022 година изнесува 4.097.486.000 евра и бележи раст од 20,2 проценти во однос на истиот период лани, додека вредноста на увезената стока е 5.974.699.000 евра што е зголемување за 28,7 проценти, соопшти Државниот завод за статистика. (more…)
Криптовалути
(ВИДЕО) Спојувањето на етериум може да ја поттикне цената на биткоинот нагоре!?


Популарниот крипто-аналитичар Бенџамин Кауен анализира како етериум може да ја поттикне цената на најпознатата криптовалута биткоинот нагоре. (more…)
- Останатопред 3 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Депозитипред 1 month
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 1 month
Ова лето можеш сè
- Кредитипред 2 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 1 month
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје