Connect with us

Останато

Бесими: Ребалансот во тек, средствата ќе се насочат таму каде ќе дадат подобри резултати

Објавено

на

Буџетираните средства не се за на хартија, тие треба да се реализираат, за да може да се поттикне економската активност. Ќе се предвидат механизми за оние институции кои се поуспешни во реализацијата да се обезбедат повеќе средства, додека оние кои имаат послаба реализација, тие средства да се усмерат кон вистинските позиции каде има поголем учинок. Ребалансот на буџетот е во тек, а средствата од позициите со помала реализација ќе се насочат кон новиот пакет мерки, вели во интервју за вестите на Сител министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Таму каде што очигледно нема да се реализираат ставките до крајот на годината, нема зошто тие средства да останат во буџетот само за да стојат на хартија, туку тие треба да се реализираат. Само така буџетот ќе има ефект врз растот во наредниот период. Министрите ќе бидат изложени на тој притисок на добро планирање, успешна реализација на проекти. Соодветно на тоа ќе предвидиме механизми како тие кои се поуспешни во релизацијата да добијат повеќе средства, а тие кои имаат послаба реализација – секако дека тие средства нема да им бидат потребни. Низ процес низ годината во текот на реализација на буџетот ќе се прилагодат капиталните инвестиции” – вели Бесими.

Министерот за финансии најавува дека ќе се зајакнат капацитетите за планирање во иднина, како и мерење на реализацијата со новиот реформски концепт на СМАРТ финансии. Согласно тој концепт проектите ќе се планираат подолгорочно, а исто така и преку индикатори ќе се мери реализацијата за да се добие подобра реализација особено ка капиталните проекти.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно