Connect with us

Останато

Бесими: Прогнозата на Светска банка за растот на БДП е потврда за исправните политики што ги преземаме

Објавено

на

Зголемувањето на прогнозата за растот на БДП за Северна Македонија што денеска е објавено од страна на Светска банка е потврда за навремените мерки и исправните политики што ги преземаме во текот на оваа година, оценува во изјава за МИА министерот за финансии Фатмир Бесими.

„Позитивните движења во економијата започнаа во вториот квартал од оваа година со регистриран раст на БДП од 13,1 проценти. Тие позитивни движења се очекува да продолжат до крајот на годината. Проекцијата на Владата и на Министерството за финансии е годинава растот на БДП да биде 4,1 проценти, но позитивните движења во вториот квартал и очекувањата во третиот и четвртиот квартал може да придонесат годината да ја завршиме со раст на БДП повисок од проектираниот. Позитивни движења се регистрираат во повеќе сектори, како услужен сектор, земјоделство итн”, вели Бесими.

Посочува дека во првите седум месеци има раст на извозот од 34,6 отсто, а раст од 75 проценти е забележан и кај инвестициите за првите шест месеци во однос на лани. Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,9 проценти, стапката на вработеност е во пораст и изнесува 47,3 проценти, а од август е забележан и тренд на исклучително високи износи на капитални расходи и нивната реализација заклучно со 5 октомври е 45,13 проценти.

„Воедно, и реализацијата на Буџетот покажува одлична наплата на даночните приходи, кои заклучно со 30 септември имаат пораст од 20,7 проценти во однос на периодот 1 јануари – 30 септември 2020 година. Раст е забележан во овој период и кај придонесите за 6,2 проценти. Ова покажува дека економијата заздравува, а со мерките што ги планираме како Планот за финансирање на економското заздравување и забрзување на растот на среден рок ќе достигнеме просечни стапки на раст над пет проценти”, нагласува Бесими во изјавата за МИА.

Светска банка ја зголеми прогнозата за раст на БДП на РСМ во 2021 година од 3,6% на 4,6 проценти.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно