Connect with us

Останато

Бесими: Од средината на 2022 ќе имаме подобри економски резултати

Објавено

на

Министерот за финансии Фатмир Бесими смета дека ниту една економија во текот на годинава нема да се врати на развојната патека како во преткризниот период. Очекувањата се дека тоа ќе се случи кон средината на 2022 година.

Одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата, Бесими рече дека од средината на 2022 година со забрзана динамика би имале подобри економски перформанси во смисла на инвестиции, нови работни места, намалување на невработеноста….

Не се согласува и со констатацијата дека државата не инвестирала доволно, посочувајќи притоа дека се реализирани низа мерки за поддршка на стопанството и граѓаните во кризниот период и како резултат на тоа забележан е пад на БДП од 4,5 проценти наместо од 8,7 проценти.

„Во однос на Буџетот 2020 година имавме два ребаланса и на крај уште една одлука за распределба. Успеавме да имаме реализација на 99 отсто на приходна страна и зголемени капитални расходи во реализација на 81 отсто. Тоа не значи дека државата не трошела. Дополнително, во текот на 2020 година имавме зголемено задолжување со цел да се поддржи економијата со 10,04 проценти од БДП, како фискален стимул за економијата. Тоа придонесе да се ублажи падот на БДП од 8,7 на 4,5 според проекциите и анализите што се направени во тој период. Тоа никако не значи дека немало реализација на потрошувачка од страна на државата. Исто така сега во Собранието, дебатата е обратна. Значи, зошто имаме зголемување со ребаланс на буџетот – зошто имаме зголемување во буџетското трошење во овој период”, рече Бесими.

Останато

Еcommerce4all.eu – бесплатна едукативна платформа за развој на прекуграничната е-трговија во ЦЕФТА

Објавено

на

Неодамна е комплетирана – ecommerce4all. eu – првата регионална платформа за е-трговија која претставува информативен центар е-трговија во ЦЕФТА регионот. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Европската комисија предвидува раст од 2 проценти на македонската економија за годинава

Објавено

на

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 проценти. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Ќе се издава граѓанска обврзница за финансирање на развојни проекти

Објавено

на

Министерството за финансии планира во јуни да издаде граѓанска обврзница со рок од две години и со примамлива камата. Според министерот за финансии, Фатмир Бесими, новиот финансиски инструмент ќе им овозможи на граѓаните да купат обврзница од минимум 10.000 денари, а со цел развој на финансикиот пазар. (more…)

Продолжи со читање

Популарно