Останато
Бесими на средба со сметководителите: Заеднички ќе работиме на нов закон што ќе ја унапреди сметководствената професија


Нов Закон за сметководствени работи, којшто ќе биде во согласност со директивите на ЕУ и со европските практики во насока на унапредување на сметководствената професија, се изготвува во соработка со стопанските комори. Министерството за финансии, низ инклузивен процес на соработка со коморите и други засегнати страни во којшто тие ќе можат да дадат свои видувања и предлози за целокупниот процес, работи на нов закон којшто ќе овозможи одржлив развој и саморегулација на сметководствената професија, воспоставување и спроведување професионални стандарди и заштита на јавниот интерес.
Во оваа насока, како што соопштуваат од Министерството за финансии, одржан е состанок со сите засегнати страни.
„Верувам дека целта ни е единствена, односно, во еден заеднички процес на соработка да ги утврдиме решенијата што ќе бидат во интерес на сите ваши колеги, на оние што сакаат или ќе сакаат да се занимаваат со оваа професија, како и во интерес на сите оние што ги користат сметководствените услуги. Притоа, имаме обврска решенијата да бидат во согласност со единствените европски правила во однос на давањето услуги и меѓународно прифатените стандарди во оваа област. Со новиот закон потребно е да се обезбеди слободен влез во сметководствената професија”, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.
Притоа додаде дека е потребно континуирано да се унапредува процесот на професионално усовршување, согласно со меѓународно прифатените стандарди и да се овозможи поголема инклузивност и транспарентност во работењето на Институтот за сметководители и овластени сметководители.
„Со новите одредби, Институтот ќе започне и во континуитет ќе има обврска да ги преведува меѓународите стандарди за финансиско известување и ќе ги воспостави потребните стандарди за влез на Институтот во ИФАК (IFAC)”, нагласи тој.
Нацрт-законот, како што информира министерот, ќе биде доставен до коморите во текот на следната недела, при што ќе се очекуваат коментари и предлози од страна на коморите до крајот на март пред да биде објавен на ЕНЕР.
Останато
Претседателот на ССК, Ангелоски од Војводина: „Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“. Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива на јавниот и приватен сектор основана со цел да ја забрза регионалната трансформација на економијата и локалната заедница кон климатска одржливост. (more…)
Останато
ЕБОР со милијарда евра помош за Украина


Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) собра една милијарда евра помош за Украина на годишното генерално собрание неделава, соопшти претседателката Одил Рено – Басо. (more…)
- Кредитипред 1 month
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 1 month
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Стопанска банка АД – Скопје
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 3 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје