Connect with us

Останато

Бесими на Годишните средби ММФ-Светска банка: Во подготовка акциски план за подобро управување со јавните инвестиции

Објавено

на

Во следниот период ќе се работи на подобрување на планирањето, алокацијата и имплементацијата на јавните инвестиции со поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), како и Европската унија и Светска банка. Во Министерството за финансии веќе се изготвува Акциски план за оваа намена. Ова беше истакнато на средбата помеѓу министерот за финансии Фатмир Бесими и гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска и тимовите од Министертвото за финансии и Народната банка, со тимот на ММФ од Одделот за фискални работи. Оваа средба е во рамки на Годишните состаноци на ММФ и Светска банка, кои започнаа неделава, а кои поради состојбата со Ковид, се одржуваат годинава он-лајн.

На средбата беше посочено дека тимот од Одделот за фискални работи на ММФ, годинава извршил скрининг на состојбите поврзани со јавните инвестиции во рамки на ПИМА-мисијата и дека дал препораки како да се подобрат фазите на инвестицискиот циклус, односно планирање, алокација и имплементирање на инвестициите. Министерството за финансии веќе изработува Акциски план за подобрување на јавните инвестиции, кој набргу ќе го достави до Владата. Инаку, Министерството за финансии планира формирање нова организациона единица задолжена за јавните инвестиции.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на средбата ја истакна својата заложба за спроведување на концептот на СМАРТ финансии, односно за спроведување на јавни финансии кои ќе се водат стратешки, кои ќе го мерат остварувањето и ќе бидат одговорни и транспарентни. Реформите кои ќе се прават во наредниот период се во насока на реализација на овој концепт.

Во контекст на ова, беше посочено и дека е изготвен и новиот Закон за буџети, кој превидува среднорочно планирање и зајакнување на програмското буџетирање, а со тоа и подобрување на управувањето на капиталните инвестиции. Истиот е поставен за јавна дискусија на ЕНЕР. Исто така, управувањето со капиталните инвестиции ќе биде дел од Интегрираниот информациски систем за управување со финансиите, кој е дел од Законот за буџети.

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно