Connect with us

Останато

Бесими најавува голема фискална реформа

Објавено

на

Среднорочното проектирање и буџетирање, интегрираниот информатички систем за финансиско управување ИФМИС, како и воведувањето Фискален совет и фискални правила и принципи, се главните реформи предвидени во новиот реформски Закон за буџети, кој помина на второ читање во Собранието и се очекува набрзо да се разгледува и на пленарна седница. Новиот Закон за буџети е р’бетот на СМАРТ-системот на јавни финансии, пишува во својата колумна, министерот за финансии, Фатмир Бесими.

„Со Законот се воведува буџетирање базирано на успешност, преку воведување и следење на индикатори за успешност (KPI – key performance indicators), со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста на јавните расходи преку поврзување на трошоците во јавниот сектор со резултатите. Буџетирањето базирано на резултати има за цел да осигура дека клучните носители на одлуки и креатори на политики систематски ќе ги земат во предвид резултатите што треба да се постигнат со реализација на расходите. Со тоа и постигнување на целта за дефинирање на приоритетите и политиките во буџетот според концептот т.н. вредност на парите (value for money), што значи дека средствата во буџетот ќе се распределат таму каде што даваат најголем ефект во ппостигнубање на целите за повисок стандард и поквалитетен живот на граѓаните”, пишува Бесими.

Новиот Закон за буџети има механизми и за подобро планирање и спроведување на капиталните проекти. Буџетските корисници, како дел од процесот на подготовка на буџетот, ќе треба да достават пред-физибилити или физибилити студија до Министерството за финансии за сите нови предлози за големи инвестиции, каде ќе се основа организациона единица за оценка на инвестициите (PIMA public investment management assessment).

Во Законот за буџети се дефинираат и фискалните правила, буџетскиот дефицит на ниво до 3% од бруто домашниот производ, додека јавниот долг на ниво од 60%, кој всушност според нова методологија се смета за долг на општа власт (државата и општините), додека гарантираниот долг за јавните претпријатија и други институции од јавниот сектор кои не се буџетски корисници се ограничува до 15% од бруто домашниот производ. Исто така, се уредува воведувањето на фискалниот совет.

„Фискалниот совет има за цел независно да ја оценува фискалната политика, стратегиите и нивното спроведување, како и макроекономските и буџетските проекции. Советот ќе биде составен од 3 члена – експерти од областа на јавните финансии, макроекономијата или економијата, предложени од МАНУ, Државниот завод за ревизија и Народната банка, а ќе ги избира Собранието” – посочува министерот Бесими.

Останато

Пензионерите добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти

Објавено

на

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добиваат повисоки пензии за 6,8 проценти, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Годишната стапка на инфлација во Белгија 11,27 проценти, највисоко ниво во последните 50 години

Објавено

на

Годишната стапка на инфлација во Белгија се искачи на 11,27 проценти во септември, што е највисоко ниво во последните 50 години, покажуваат официјалните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

МФ: Владата обезбеди 250 милиони евра со поволни услови преку германски хартии од вредност

Објавено

на

Владата донесе одлука за издавање хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen”, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Како што соопшти Министерството за финансии (МФ), средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. (more…)

Продолжи со читање

Популарно