Connect with us

Останато

Бесими: Над десет милиони евра инвестиции за енергетски ефикасни јавни објекти во општините

Објавено

на

Од 50 илјади до 750 илјади евра е сумата за која општините во Република Северна Македонија ќе можат да аплицираат на јавниот повик за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти, чиј вкупен фонд изнесува 10,5 милиони евра, а беше објавен пред една недела.

„Инјектирањето средства во проекти што имаат силна додадена вредност е од големо значење за заздравување на економијата, а понатаму и за забрзување на економскиот раст, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими на инфо-сесијата организирана од страна на Министерството за финансии за „Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор“, што се спроведува со поддршка од Светска банка.

Целта на инфо-сесијата е општините да можат да се информираат за начинот на аплицирање на јавниот повик за користење средства за инвестиции во општински енергетски ефикасни објекти.

„Овој проект е од големо значење од аспект на јакнењето на фискалниот капацитет на општините. Оттаму, верувам дека многу брзо ќе лоцирате кај кои објекти во општината треба да се делува и дека ќе аплицирате за расположливите средства. Големиот интерес за овој проект дава добра слика дека сме подготвени да се соочиме со глобалните предизвици, како што се одржливост на енергетската иднина и здрава животна околина”, истакна Бесими.

На настанот свое обраќање имаше и директорот на Светска банка за РС Македонија, Масимилијано Паолучи кој информираше дека една од главните цели на овој проект е да се создаде одржлив финансиски механизам што ќе овозможи зголемување на енергетски ефикасните инвестиции во јавниот сектор. 

„Воспоставувањето Фонд за енергетска ефикасност, што се планира во рамки на овој проект, како револвинг финансиски механизам, ќе овозможи поддршка на зголемени инвестиции чија цел е подобрување на енергетската ефикасност во јавниот сектор, а подоцна и во останатите сектори. Овој револвинг механизам ќе овозможи Фондот да продолжи со инвестициите во јавниот сектор, особено во општините, преку овозможување континуирано вложување во енергетска ефикасност откако ќе заврши Проектот”, информира Паолучи. 

Потенцира дека проектот покрај енергетски заштеди ќе придонесе и за креирање локални „зелени“ работни места. Како што рече, реновирањата на објектите и подобрувањето на квалитетот на јавното осветлување, вообичаено се изведува од страна на локалните компании. 

Со потпишување договор со Министерството за финансии, 80 проценти од одобрените средства општината ќе ги добие како подзаем, додека останатите 20 отсто како грант. Од страна на Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени за избраните проекти, ќе бидат покриени и трошоците за подготовка на енергетска ревизија и за техничка документација за проектите.

Претставниците на општините истакнаа дека овој проект е од особено значење за нивните општини, како и дека во моментов ги дефинираат јавните објекти со коишто ќе аплицираат на јавниот повик во рамки на Проектот.

Вкупната вредност на „Проектот за енергетска ефикасност“ е 25 милиони евра, при што дел од овие средства се наменети за енергетски ефикасни инвестиции во објекти на централната власт, во здравствениот сектор, како и за воспоставување на Фондот за енергетска ефикасност. 

НБРМ

Во соработка со ИНФЕ-ОЕЦД и Министерството за финансии на Холандија се засилуваат активностите за спроведување на националната Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија

Објавено

на

Спроведувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија засилено напредува. Оттука, вчера и денес, финансиските регулатори од земјава предводени од Народната банка во рамките на Координациското тело за финансиска едукација и финансиска инклузија, заедно со Меѓународната мрежа за финансиска едукација при Организацијата за економска соработка и развој (ИНФЕ-ОЕЦД) во соработка со Министерството за финансии на Холандија, организираат работилница, во рамките на програмата на Конституенцата и програмата „Манивајс“ (Money Wise). (more…)

Продолжи со читање

Останато

Со новите измени на Законот, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот!?

Објавено

на

Со измените на Законот за облигациони односи, каматите нема да смеат да бидат повисоки од долгот, смета Jован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ и коалицијата. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Колапс на приватниот сектор во Јапонија – бројот на банкротирани компании за една година се зголемил за неверојатни 49%

Објавено

на

Ефектот на Ковид-19 врз бизнисите во Јапонија предизвика огромен број банкроти од почетокот на воведувањето на анти-пандемиските мерки. (more…)

Продолжи со читање



Популарно