Connect with us

Останато

Бесими: Ковид-кризата е од неекономска природа и мора да се вбризгаат пари во економијата

Објавено

на

Ковид кризата е од неекономска природа и сите економии во светот вбризгуваат средства во стопанството, го прошируваат дефицитот така што преку мерки ги поттикнуваат и понудата и побарувачката за да ја зголемат економската активност и надминат кризата. Од друга страна, приходите, како резултат на намалување на домашната потрошувачка и нарушувањето на глобалните синџири поради ковид-кризата, секаде имаат помала реализација, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во гостување на „Топ Тема”.

„Неколку пати имаше интервенции со мерки за справување со кризата, за поддршка на економијата и надминување на последиците од кризата, како и поддршка на граѓаните. Тоа се случи и со вториот ребаланс. Значи има зголемување на расходната страна со цел да го поддржи четвртиот пакет на мерки. Дефицитот кореспондира со најголемата економска криза која се случува на нашата економија – повисок пад од 12,7% на квартално ниво немало во нашата економија и -6,5% пад во првото полугодие. Но, тоа не е само кај нас. Тоа го имате на ниво на светската економија и на Европската унија. Тоа е глобален проблем, глобална криза. Со вториот ребаланс – да проширен е буџетскиот дефицит, но средствата се насочуваат кон четвртиот пакет мерки кој е во насока на помош на граѓаните и стопанството за надминување на кризата” – вели Бесими.

Скоро сите економии во текот на годината го проширија буџетскиот дефицит, додека просекот на Еврозоната е 8,4%. Следниот период со стабилизирање на состојбата и прудентно менаџирање, буџетскиот дефицит ќе се консолидира.

Со ребалансот на буџетот се обезбедија средства за четвртиот сет мерки. Преку посебната владина Потпрограма П1- МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО COVID-19 КРИЗАТА за финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор се предвидени 70 милиони евра, за домашна платежна картичка за ранливи категории од COVID-19, 27 милиони евра, за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња 6,7 милиони евра, за поддршка на дејноста Туристички водич 160.000 евра, за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања 2 милиони евра, за македонски викенд шопинг со МојДДВ 17 милиони евра, за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка 13 милиони евра и за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби 5,5 милиони евра – вели министерот за финансии.

Останато

Што научивме од овогодишната конференција за е-трговија?

Објавено

на

Во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ, на 11-ти ноември се одржа Петтата конференција за е-трговија, на тема “E-commerce. Accelerate!”, на која присуствуваа над 470 лица со физичко присуство, а истата ја следеа и преку 130 лица со онлајн присуство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

Објавено

на

Невработеноста во еврозоната падна на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти во октомври, покажуваат бројките што ги објави „Евростат“, статистичката агенција на ЕУ. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Просечната плата во октомври во Црна Гора изнесувала 720 евра

Објавено

на

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 проценти повисока од септември. (more…)

Продолжи со читање

Популарно