Connect with us

Останато

Бесими: Иновативни начини за финансирање на инвестициите во јавниот и приватниот сектор преку Планот за забрзан економски раст

Објавено

на

Планот за забрзан економски раст беше претставен пред стопанските комори, банките, Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони, Развојната банка и Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Планот е насочен кон инвестиции во јавните проекти, во приватниот сектор, реформските политики и институционалните реформи, а приоритетни области на кои ќе биде фокусиран се зелената економија, дигитализацијата, иновациите и технолошкиот развој, човечкиот капитал и социјалната кохезија. Средствата за реализација ќе се обезбедуваат од Буџетот, но и преку меѓународни и билатерални финансиски инститиуции, приватни институционални инвеститори, банки и преку грантови.

„Во насока на нашите заложби за фискална консолидација, а воедно и заложбите за удвојување на економскиот раст и постигнување годишни стапки на раст на БДП од околу 5 проценти, Министерството за финансии го подготви Планот за забрзан економски раст. Целта на Планот е да се зголемат вкупните инвестиции во економијата, а притоа да се остане на зацртаниот курс да се намалува постепено фискалниот дефицит, а со тоа и да го задржиме долгот на стабилно ниво”, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими.

Планот се очекува да биде усвоен од страна на Владата, а активностите се предвидени за периодот од 2022-2026 година.

„Главната поента на Планот е преку креирање и користење нови механизми, инструменти, фондови и извори на финансирање да се создаде позитивен мултипликативен ефект, односно покрај планираните јавни инвестиции во износ од околу 4 милијарди евра за периодот 2022-2026 година, финансирани од буџетот, ИПА фондовите и меѓународните финансиски институции, да се мобилизираат неколкукратно повеќе средства и инвестиции од приватниот сектори”, потенцира Бесими и оцени дека со тоа ќе се влијае не само на зголемување на вкупните инвестиции и забрзување на растот, туку и на отворањето нови работни места.

Дел од инструментите кои веќе се на располагање и новите инструменти предвидени во Планот беа претставени од страна на директорот на Развојната банка, Кире Наумов, директорите на ФИТР, Коста Петров и на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски.

Дискусијата се одржа во рамки на СЕФФ платформата која е активна по одржувањето на Првата конференција на МФ во септември годинава.

Останато

Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Објавено

на

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Објавено

на

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.

(more…)

Продолжи со читање

Останато

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Објавено

на

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот.  (more…)

Продолжи со читање

Популарно