Останато
Бесими: Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на економијата


Инвестициите во развојот на човечкиот капитал се од исклучителна важност за напредокот на државата, а особено во секторите образование, здравство и социјална заштита. Како земјите се справуваат со последиците од кризата предизвикана од ковид 19 пандемијата и ударите врз здравството, образованието, ранливите категории на граѓани и работните места, градењето одржливи и инклузивни системи отпорни на идни шокови, промовирањето на економски можности и истовременото обезбедување фискална одржливост, беа темите дискутирани од страна на министрите за финансии и развој од различни земји во светот, заедно со потпретседателот на Светската банка за развој на човечки капитал, Манта Мурти и претседателот на Групацијата на Светска Банка, Дејвид Малпас.
Од Министерството за финансии информираат дека министерот за финансии Фатмир Бесими ја нагласи поддршката на Владата и Министерството за финансии во инвестициите на човечки капитал, за што зборува и приклучувањето на земјата кон проектот „Човечки капитал” на Светска банка.
„Реформите во здравството, образованието и социјалната сфера се отпочнати, но, исто така, ни претстои голема работа по однос на истите. Од аспект на финансирањето во овие сектори, предвидени се зголемени средства како дел од БДП, истовремено имајќи ја предвид и ефикасноста на овие инвестирања. Реформите кои ги отпочнавме во соработка со Светска банка овозможија пoефективна државна интервенција при справувањето со последиците од кризата, притоа олеснувајќи ги каналите на дистрибуција на јавните услуги. Ние продолжуваме со овие клучни реформи понатаму, кои се основа за понатамошен раст и развој”, истакна министерот Бесими.
Министерот Бесими потенцира дека активно се работи на мерки и активности што ќе придонесат за унапредување на развојот на човечките ресурси, како еден од столбовите на кои се темели Стратегијата за финансирање забрзан раст.
„Мерките и активностите кои се носат со цел унапредување на образованието, науката и здравството, поголема активност на работоспособното население, како и мерките за зголемување на социјалната заштита ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите граѓани”, истакна министерот.
Останато
Комората на сметководители се придружува на протестот на ТУК


Комората на сметководители години наназад реагира на репресивната улога на Министерството за финансии и неговата улога во уништувањето на сметководствената професија. Структури од Секторот за финансиски систем од ова министерство, наместо да ги извршуваат своите работните задачи во интерес на граѓаните, за што земаат плата, делуваат низ призма на исполнување на своите лични интереси притоа загрозувајќи ја егзистенцијата на 10.000 професионалци од дејноста. (more…)
Останато
Маск загуби 5,6 милијарди долари за еден ден по падот на акциите на „Tesla”


Акциите на компанијата „Tesla” на Илон Маск забележаа пад по информацијата дека две лица загинаа во несреќа со електричен автомобил на компанијата во текот на изминатиот викенд, пишува списанието „Forbes”. (more…)
- Анализипред 1 week
Експертите советуваат: Не ги повлекувајте заштедите од банките бидејќи банкарскиот систем е стабилен, а штедните влогови се безбедни!
- Анализипред 1 month
Која е најмоќната и најбогата македонска банка!?
- Домашни банкипред 1 week
На шпекулациите дека “пропаѓа”, Стопанска банка АД – Скопје одговори со профит од 9,2 милиони евра за три месеци
- Анализипред 2 months
8 МАРТ АНАЛИЗА: Колку се застапени жените во Управните одбори на банките во Македонија?
- Банкипред 2 months
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 50.000 денари
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Халкбанк АД Скопје
- Интервјуапред 2 weeks
Интервју со ИГОР ДАВКОВ, Извршен директор на Скопје Ист Гејт и неговиот тим: Креираме вредност за закупците и посетителите