Останато
Бесими: Даночна реформа за праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем

Министерството за финансии пристапи кон редизајнирање на системот на оданочување во земјата. Процесот на сеопфатни даночни реформи е во насока на обезбедување праведен, ефикасен, транспарентен и современ даночен систем што ќе се темели на современи дигитални технологии и иновации во оданочувањето, а во функција на постигнување забрзан, инклузивен и одржлив економски раст. Предлог концептот денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, заедно со директорките на УЈП и Царинската управа, Сања Лукаревска и Славица Кутиров, ги претстави пред бизнис заедницата. На средбата присуствуваа претставници на сите коморски здруженија во земјава.
„Денеска почнуваме со јавна дебата за концептот на даночни реформи, кои заедно со реформата во јавните финансии, ќе придонесат за поефективно и поефикасно прибирање на приходите во буџетот, а потоа тие приходи, кои се пари на граѓаните, на најефикасен и транспарентен начин да се искористат за обезбедување поквалитетни услуги за граѓаните”, рече министерот Бесими и додаде дека ова покажува дека Владата има капацитет и дека работи на повеќе фронта, односно, покрај активностите за справување со актуелната енергетска криза и инфлацијата се работи и на реформските процеси.
Министерот за финансии во своето излагање посочи дека Северна Македонија има едно од најниските нивоа на учество на приходите од даноци и придонеси во БДП. Во периодот од 2008 до 2020 година присутен е значителен јаз помеѓу учеството на приходите од даноци и придонеси во БДП во ЕУ-27 и кај нас. Имено, во 2008 година, вкупните даночни приходи и социјални придонеси учествуваат со 38,4% во БДП на ЕУ-27, што е за 10,7 процентни поени над оствареното во Северна Македонија со 27,7%. Овој јаз со текот на годините и се продлабочува, со што во 2020 година изнесува 13,8%.
„Концептот на реформи на даночната политика во областа на данокот на добивка и данокот на личен доход опфаќа предлог законски решенија со кои се ревидираат преференцијалните даночни третмани што ја нарушуваат неутралноста на даночниот систем. Понатаму тие се во насока на зголемување на даночните приходи преку проширување на даночна основа и креирање фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Исто така, се поедноставуваат и осовременуваат законските текстови, се јакне транспарентноста и ефикасноста во спроведување на прописите од даночните обврзници и администрација“, истакна Бесими.
Концептот, што ја утврдува динамиката на конципирање и имплементација на реформата, се темели на петте приоритети дефинирани во Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025). Тоа се: поголема праведност во оданочувањето; поголема ефикасност и ефективност на даночниот систем за подобра наплата на приходите; зголемена даночна транспарентност; подобар квалитет на услугите, и афирмирање на еколошка даночна политика. Концептот, што е во нацрт верзија, е изработен врз основа на сеопфатни и длабински анализи на постојниот даночен систем и најдобрите европски пракси, а низ транспарентен и инклузивен процес. Исто така при конципирање на предложените решенија се земени предвид и препораките од меѓународните организации како ММФ, Светска банка, ОЕЦД и ЕУ. Инклузивниот пристап продолжува со претставување на концептот пред јавноста, за да се утврди решение кое е прифатливо за сите страни.
Даночната реформа ги опфаќа данокот на добивка, данокот на личен доход, данокот на додадена вредност, акцизите и еколошката даночна политика, а предвидените законски измени во најголем дел се планира да се применат од 1 јануари 2023 година. Предвидени се решенија кои ќе придонесат за проширување на даночната база преку таргетирање на повластените даночни третмани т.е. даночните ослободувања и олеснувања во постојниот систем на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Се предвидува ревидирање на даночните стимулации при што ќе се креира фискален простор за спроведување активна даночна политика за стимулирање на инвестиции на приватниот и на јавниот сектор во технологии кои поддржуваат зелена транзиција и дигитална трансформација. Во делот на ДДВ промените се однесуваат на понатамошно зајакнување на основните принципи на системот на ДДВ, како и допрецизирање на правата и обврските на даночните обврзници. Во дебатата ќе биде опфатено и прашањето на Данокот на личен доход во контекст на прогресивното оданочување и рамниот данок.
Предложените решенија се однесуваат на потребата од обезбедување поголема вертикална и хоризонтална праведност на даночниот систем и проширување на даночната основа преку намалување на даночните расходи. Оваа реформа, исто така, ќе има позитивно влијание на намалување на неформалната економија, односно нејзината формализација и сузбивањето на даночните затајувања ќе доведат до зголемени даночни приходи, поквалитетни услуги од инститиуциите и пгоолема социјална сигурност на граѓаните.
Имплементацијата на реформата треба да води до зголемено учество на приходите во БДП, а тоа до поквалитетни услуги во јавниот сектор, подобра инфраструктура, образование, здравство, дигитализација и зелена транзиција, конкурентност на економијата и забрзан и одржлив економски раст.
Останато
Синдикатот на Халкбанк АД Скопје со општествено одговорна акција за донирање

Во организација на Синдикатот на Халкбанк АД Скопје, вработените донираа облека, храна и постелнини за социјално ранливи семејства. (more…)
Останато
Економски факултет-Скопје свечено ги промовираше дипломираните студенти за академската 2022/2023 година

Во Аулата на Економски факултет-Скопје се одржа свечената церемонија на која беа промовирани дипломираните студенти на прв циклус на студии за академската 2022/2023 година.
Останато
Реизбран Управниот одбор на КаСис АД

Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор. г-ѓа Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, г-ѓа Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и г-дин Дамјан Андоновски, член и извршен директор во наредните четири години ќе бидат на чело на компанијата која бележи континуиран раст во земјата и сигурно се пробива на пазарите во регионот. (more…)
- Домашни банкипред 2 months
Халкбанк со тројца нови членови на Управниот одбор – Беркан Имери, Александар Иљов и Мухамед Хаџипази
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Осигурувањепред 2 months
АСО со обуки ќе ја гради и зајакнува финансиската едукација на средношколци – математичари
- Домашни банкипред 1 month
Компании во земјава реализираат 20 „зелени“ проекти од кредитната линија на ЕБОР преку Стопанска банка
- Домашни банкипред 4 weeks
Данијела Јовческа, Никола Горгиевски и Марија Танаскоска се најдобрите банкарски службеници од Шпаркасе Банка во 2023 година
- Банкипред 2 months
Шпаркасе Банка АД Скопје вработува Член на Управен Одбор
- Business Manпред 2 months
Проф. Д-р Драгољуб Арсовски се стекна со 3.003 обични акции издадени од ТТК Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 2 months
Шпаркасе Банка го активираше порталот за тестирање на платформата за отворено банкарство