Connect with us

Останато

Бесими: Го штитиме стандардот на граѓаните со проекти за социјална заштита и капитални проекти

Објавено

на

На Форумот 100 дена Влада свое посебно место имаа прашањата посветени на финансиите, економијата и социјалната поддршка на граѓаните.

Во одговорот на прашањето како ја оценува Меѓународниот монетарен фонд финансиската стабилност на финансискиот систем на нашата земја, министерот за финансии Фатмир Бесими истакна дека стабилноста на нашите политики беше признаена со позитивната оценка на Извршниот одбор на ММФ при неодамнешните консултации во Вашингтон.

„Нашата заложба е да продолжиме и во иднина со квалитетни и здрави економски политики во сите сфери, пред се фискалната политика со умерено ниво на фискален дефицит, но и во делот на вкупното ниво на јавен долг и спроведувањето на структурните реформи кои треба да овозможат подобрување на конкурентноста на нашата економија и остварување подобри економски резултати во иднина, воедно и справување со енергетската криза и инфлација што по војната во Украина ја зголеми неизвесноста”, нагласи министерот за финансии Фатмир Бесими на Форумот 100 дена од мандатот на Владата.

Министерот за финансии на Форумот 100 дена за работата на Владата соопшти дека јавниот долг на крајот на првиот квартал од оваа година изнесува 57,1% што е за 3,7% помал од декември минатата година кога изнесуваше 60,8%.

„Претворено во пари тоа се 454 милиони евра дополнителен финансиски простор за ова што следи во текот на годината”, потенцираше министерот за финансии Бесими на настанот по повод отчетот на Владата за работењето во првите 100 дена.

Министерот за економија Крешник Бектеши одговараше на прашањата поврзани со мерките за справување со последиците по економијата и стопанството предизвикани со војната во Украина.

Бектеши потенцираше дека на предлог на Министерството за економија, Владата донесе низа мерки за заштита на граѓаните од ценовни шокови како резултат на негативното влијание од војната во Украина.

„Станува збор за сериозни мерки согласно законот за трговија каде што се уредуваат условите за вршење трговија почнувајќи од почеток на ланецот значи од производство па вршители на трговија на големо па до супермаркетите односно трговија на мало се со цел да се ублажи тој притисок. Замрзнавме цени на одредени производи, па од март во соработка со стопанските комори го редизајниравме делот каде што воведовме замрзнување на маржи за да не влијаеме негативно во делот на ликвидноста на нашите компании”, истакна министерот за економија Крешник Бектеши на Форумот 100 дена Влада.

Во однос на енергетските политики министерот за економија Бектеши нагласи дека Северна Македонија во регионот е лидер во делот на справување со енергетската криза.

„Се обидуваме целосно да го ублажиме негативниот удар врз животниот стандард на граѓаните. Претходната година во соработка со другите институции презедовме соодветни мерки во делот на предвидливоста на енергетската криза каде што веднаш се воведе намалување на прагот на ДДВ-то од 18 на 5% а воедно работевме и во дополнување на планот за производство на домашни капацитети за да немаме потреба за дополнителни увози од нашите енергетски компании”, потенцираше Бектеши.

Реализацијата и плановите поврзани со капиталните инвестиции во патната инфраструктура беа теми на прашањата упатени до министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

„Оваа година ја бележиме како година во која имаме предвидено историски најголем буџет од 360 милиони евра за изградба и реконструкција на патната мрежа низ државата. Работиме активно на изградба на автопатот Кичево-Охрид, а во делот на Коридорот 8 сакам да истакнам дека цел еден тим на Владата работи на процесот за доизградба на овој Коридор на ниво на модерен автопат. Фокусирани сме на изградбата и на автопатската делница од Скопје до граничниот премин Блаце кон Косово. Во однос на експресните патишта, би потенцирал дека имаме силна градежна активност на трите експресни патишта за што инвестираме вкупно 135 милиони евра”, посочи министерот за транспорт и врски Бочварски.

Тој додаде дека продолжува реализацијата на капиталните инвестиции и во делот на Железницата и дека се очекува оваа година да започне со изградба на пругата кон Бугарија за 1 и 2 фаза.

„Во овој период сме силно фокусирани е вбризгување на што повеќе финансиски средства за капитални проекти како одговор на глобалната криза. Преку овие инвестиции овозможуваме континуитет на градежништвото а со тоа и економската активност на компаниите и генерално на цела економија”, нагласи министерот за транспорт и врски Благој Бочварски на Форумот 100 дена Влада.

Горан Милевски, министерот за локална самоуправа говореше за преземените мерки во првите 100 дена посветени на рамномерниот локален и економски развој како важен дел од целокупниот економски раст на државата, со фокус на прекуграничната соработка на локалните самоуправи.

„По 20 години од донесувањето, подготвени сме да го отвориме Законот за локалната самоуправа, време е за преиспитување на системот на локалната самоуправа преку широк процес на консултација. Процесот ќе го водиме со вклученост на сите засегнати страни, граѓанскиот, бизнис секторот, експертската и академската јавност, секој граѓанин, со ЗЕЛС и со локалните власти. Сакаме да дојдеме до решенија кои што ќе обезбедат поголема стабилност и функционалност на општините, поголема отчетност и одговорност на локалните власти и поголема вклученост на граѓаните”, рече министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска одговараше на прашањата поврзани со историското покачување на пензиите и новата методологија за континуиран раст што означи силна поддршка за пензионерите и за унапредувањето на социјалните услуги и социјалната грижа и заштита.

„Еден од приоритетите на оваа Влада кое го нотиравме и во Програмата за работа 2022 -2024 година беше токму покачувањето на пензиите. Преку социјален дијалог со сите засегнати чинители, дојдовме до заедничко и најодржливо решение, воспоставување на нова методологија за усогласување на пензиите, системско решение кое ќе обезбеди континуиран раст на пензиите и нема да зависи од политичката волја на Владата, а ќе придонесе за подобрување на животниот стандард на највозрасните наши сограѓани“, рече Тренчевска.

Во делот на социјалните услуги, таа истакна дека во рамките на Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој Министерството за труд и социјална политика го спроведува со заем од Светска Банка, 19 даватели на социјални услуги добија лиценца/дозволата за работа, од кои 16 даватели на услугата за помош и нега во домот, еден Центар за дневен престој на деца со попреченост, еден за Центар за активно стареење за стари лица и еден за советување.

Целта е социјалните услуги, рече Тренчевска, да се приближат до граѓаните, помошта и негата во домот се спуштаат на локално ниво во нивното место на живеење. Во моментов социјалните услуги опфаќаат околу 550 корисници. Во наредниот период ќе се објави нов јавен повик за воспоставување на дополнителни услуги во 10 општини на територијата на Република Северна Македонија.

Останато

СЕФФ: Преку концептот зелена економија до отпорна економија со забрзан раст

Објавено

на

Природните непогоди поврзани со климатски промени го намалуваат растот за 0,4 процентни поени во просек, додека кај помалку развиените економии и до 0,7 процентни поени, покажуваат пресметките на Меѓународниот монетарен фонд. Проценките се дека во претстојниот период негативниот ефект ќе биде уште поголем, особено кај помалку развиените економии, што укажува дека од особено значење е да се имаат предвид климатските промени при креирањето на идни економски политики. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Ребалансот е одговор на кризата, предвидува кратења, но и додавања

Објавено

на

Ребалансот е одговор на кризата која не можеше да се предвиди во перидот кога се подготвуваше Буџетот за 2022 и во него, освен кратења, има и додавања, но и реприоретизирање на средствата, рече денеска министерот за финансии Фатмир Бесими. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

Кристин Лагард: Криптовалутите се безвредни, тие не се засноваат на ништо!

Објавено

на

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард верува дека криптовалутите не вредат ништо, дека се целосно безвредни. (more…)

Продолжи со читање


Популарно