Connect with us

Останато

Бесими: Годишната заштеда за осмата еврообврзница изнесува 12 милиони евра

Објавено

на

Република Северна Македонија во целост ја исплати Еврообврзницата издадена во 2014 година и со тоа се раздолжи за 500 милиони евра, што придонесе долгот, (државниот и јавниот) само по овој основ да се намали за 4,358 п.п., со што Министерството за финансии уште еднаш ја докажува својата цврста заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање во рамки на Мастришкиот критериум, односно ниво под 60%.

„Успеавме да докажеме дека буџетот е ликвиден. Денеска извршивме исплата на 500 милиони евра за еврообврзницата од 2014 година за која годишно плаќавме камата од 20 милиони евра, а со Еврообврзницата земена во март годинава каматата е осум милиони евра. Со репрограм на каматната стапка од 3,975 птсто за Еврообврзница 3 на историски најниската каматна стапка од 1,625 отсто за осмата Еврообврзница годишната заштеда по основ камата изнесува 12 милиони евра”, напиша Бесими.

Еврообврзницата 3, на износ од 500 милиони евра беше издадена во јули 2014 година со рок на доспевање од седум години и со каматна стапка од 3,975 проценти. Средствата за доспеаната еврообврзница се обезбедија преку новоиздадената (осма) Еврообврзница во март годинава со рочност од седум години и историски најниска каматна стапка од 1,625 проценти.

Каматната стапка по која беше издадена осмата Еврообврзница ( 2021) е за 2,35 процентни поени пониска од каматната стапка кај третата Еврообврзница од 2014. Интерес за запишување на осмата Еврообврзница покажаа 130 инвеститори

Износот на осмата Еврообврзница од март 2021 изнесуваше 700 милиони евра, а средствата покрај за исплаќање на третата Еврообврзница се користат и за потребите за справување со ефектите од ковид-кризата, односно за поддршка на здравствениот сектор, како и за антикризните мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.

Земјава досега има излезено на меѓународниот пазар на капитал со 8 еврообврзници и тоа: во 2005 година, во 2009, во 2014, во 2015, во 2016, во 2018, во 2020 година и 2021 година. Во целост се исплатени Еврообврзицата еден, два, три и четири. За отплата во 2023 година доспева Еврообврзницата 5, во 2025 година Еврообврзницата 6, во 2026 година Еврообврзницата 7 и во 2028 година Еврообврзницата 8.

МФ информира дека Буџетот е ликвиден. Има одлична реализација на приходите што беше еден од основите на ребалансот, а расходите се реализираат редовно и навремено во рамки на предвидувањата и очекувањата. Приходите од почетокот на годината имаат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани. Со ребалансот на Буџетот за 2021 година се предвидуваат за 4,7 отсто повисоки приходи во однос на иницијалните проекции на Буџетот.

Останато

Летна школа за финансиска писменост за поголема финансиска независност и поголем општествено-економски развој

Објавено

на

Пријавувањето за учество на Летна школа за финансиска писменост за напредно ниво на финансиска писменост трае до недела (26.09.2021)! (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бизнисот со топлинска енергија оди во домашни раце – Адора инженеринг на јавна лицитација за 9,3 милиони евра го купи имотот на Топлификација АД во стечај

Објавено

на

Адора инженеринг по пат на јавна лицитација, за 9,3 милиони евра, ги купи Топланите Исток и Запад и најголемиот дел од останатиот имот на Топлификација АД, која е во стечај. Со оваа купопродажба успешно се завршува стечајната постапка на ова претпријатие и се отвара ново светло, поглавје во регулираниот бизнис со производство на топлинска енергија, кој што е од државно значење, односно директно влијае врз екологијата и целокупниот комфор на живеење на граѓаните во главниот град Скопје. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Извршниот директор на Тиго Фајнанс, Филип Димитровски, прогласен за еден 40 највлијателни и најуспешни бизнис лидери под 40 години во Југоисточна Европа

Објавено

на

Престижната меѓународна агенција „Business Elite Awards“, на специјална гала свеченост организирана во Истанбул, Турција, му го додели значајното „40 Under 40“ признание за бизнис лидер под 40 години на Филип Димитровски, извршен директор на финансиското друштво Тиго Фајнанс. (more…)

Продолжи со читање



Популарно