Connect with us

Останато

Бесими: Вториот ребаланс на буџетот обезбеди средства за Четвртиот пакет мерки

Објавено

на

Вториот ребаланс  на буџетот е Ребаланс за спроведување на четвртиот пакет антикризни мерки, кој има за цел да обезбеди одржливост на домашните економски дејности и на работните места, да закрепне одредени дејности, да обезбеди стабилност на социјалните трансфери и да обезбеди политики кои ќе помогнат спроведување на брза излезна стратегија, за да кога кризата ќе заврши продолжиме со позитивните трендови на новата развојна македонска економија, рече министерот за финансии Фатмир Бесими, презентирајќи го вториот ребаланс на буџет.

Со вториот ребаланс се ревидира економскиот резултат за 2020 година на -4,4%. Како што беше истакнато, доколку не се преземеа пакетите мерки, падот веројатно ќе беше повисок.

Приходната страна на буџетот со ребалансот останува иста односно од 196,4 милијарди денари и истите се планирани на речиси идентично ниво во однос на планот, додека расходната страна се проширува на 253 милијарди денари или за 4,2%, односно за 10,1 милијарди денари повисоки во однос на ребалансот, со кои ќе се финансираат дел од мерките. Врз основа на вака планираните приходи и расходи, дефицитот е позициониран во износ од 56,6 милијарди денари, односно 8,4% од БДП.

„Овие средства се распределени во буџетите на соодветните министерства и институции надлежни за имплементација на владините мерки преку посебна владина Потпрограма П1- МЕРКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО COVID-19 КРИЗАТА. За финансиска поддршка за исплата на плата на вработени во приватниот сектор се предвидени 70 милиони евра, за домашна платежна картичка за ранливи категории од COVID-19 27 милиони евра, за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња 6,7 милиони евра, за поддршка на дејноста Туристички водич 160.000 евра, за враќање на туристичка такса за 2019 година, за остварени ноќевања 2 милиони евра, за македонски викенд шопинг со МојДДВ 17 милиони евра, за државна гарантна шема и Царинска гаранција преку Развојната банка 13 милиони евра и за грантови за туристички агенции, игротеки и ресторани за свадби 5,5 милиони евра” – вели министерот за финансии.

Кратења има кај расходите за стоки и услуги се планирани во износ за 1 милијарди денарии кај капиталните расходи 1,2 милијарди денари, притоа, капиталните расходи на ниво на основниот буџет се на исто ниво.

Во однос на финансирањето на дефицитот, ново задолжување кон странство нема да има. Проширувањето на дефицитот ќе се финансира во одреден дел од депозитите на државата и дел преку државни хартии од вредност.

Инаку, реализацијата на буџетот заклучно со септември, на приходната страна изнесува 136 милијарди денари или 69,1% во однос на планираните приходи за 2020 година со ребалансот од мај, што е за 4,9% помалку во однос на истиот период од лани. Реализацијата на расходната страна изнесува 171,9 милијарди денари, што претставува 70,5% во однос на годишно планираниот износ со првиот ребаланс, или за 10,7% повеќе во однос на лани. Согласно ова во периодот јануари-септември 2020 година остварен е дефицит на Буџетот на Република Северна Македонија во висина од 35,8 милијарди денари или 5,3% од БДП. Според овие податоци, реализацијата на буџетот одеше согласно планот, но со носење на четвртиот пакет на мерки кој е во насока на поттикнување на економската активност и поддршка на фирмите и на граѓаните се јави потреба за финансирање на истите, а со тоа и преструктуирање на позициите во буџетот и обезбедување на дополнителни финансии, посочи министерот за финансии.

Останато

Мухамед Хаџипази од Халкбанк АД Скопје е нов претседател на Надзорниот одбор на Комората на Северо-западна Македонија

Објавено

на

Мухамед Хаџипази, досегашен член на Надзорниот одбор на Стопанската комора на Северо-западна Македонија (СКСЗМ) е именуван за нов претседател на НО на Комората.  (more…)

Продолжи со читање

Останато

Лансирање на е-продавница за време на пандемија – како IQOS го претвори предизвикот во можност

Објавено

на

„Нашиот иницијален план беше да се лансира IQOS на нашиот пазар во почетокот на април, но како ситуацијата со пандемијата стануваше сé посериозна, увидовме дека пандемијата наметна многу побрзо привикнување на корисниците на дигиталните канали, со што стана јасно дека мора да се искористи времето од одложениот старт за да се подготви е-продавница и така со лансирањето на IQOS се започна и со онлајн продажба“. Ова го истакна Јана Дурнева, менаџер за дигитална поддршка и грижа за корисници на производи со намален ризик при Филип Морис Интернешнал на овогодинешната конференција за е-трговија, насловена „E-трговија & COVID-19: Предизвиците и можностите!“. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Бесими: Со буџетот за 2021 година се обезбедува поголема поддршка за домашното стопанство

Објавено

на

За поддршка на инвестициите, конкурентноста, малите и средни претпријатија, домашниот туризам, како и целокупната област за економски развој во 2021 година се обезбедени за 4,5 проценти поени повеќе во однос на буџетот 2019 година, односно со буџетот за 2021 година 24% од расходите се наменети за економски развој, рече министерот за финансии Фатмир Бесими на комисиската расправа за буџетот во Собрание. (more…)

Продолжи со читање

Популарно