Connect with us

Останато

Бесими – Арсовска: Со инклузивен процес до решенија за излез од кризата

Објавено

на

Министерот за финансии, Фатмир Бесими оствари официјална работна средба со претседателката на Сојузот на стопански комори на Македонија, Данела Арсовска.

Министерот Бесими ја истакна важноста од партнерството на Владата со приватниот сектор и порача дека покрај мерките што се преземаат важна е и конзистентноста.

Тој нагласи дека потребно е приватниот сектор да се поттикне за да креира нова додадена вредност.

Новиот сет мерки ќе биде таргетиран. Економските мерки што покажаа резултат ќе продолжат, но ќе се  редизајнираат со цел зголемување на нивната ефикасност. Мерките ќе се темелат на три столба, првиот столб го опфаќа социјалниот и здравствениот аспект, вториот е фокусиран на економијата и вработувањата, сѐ со цел одржување на ликвидноста, и третиот е насочен кон одржување на макроекономската и фискалната стабилност“, изјави Бесими и додаде дека максимални се заложбите за обезбедување средства од расположливите меѓународни финансиски институции и од Буџетот, со цел економските циклуси да не запрат.

На средбата, во присуство на експерти и на потпретседателите на Сојузот, се дискутираше за актуелните состојби во економијата како и за предложените мерки.

Арсовска истакна дека само со заедничка акција на релевантните чинители во општеството, како и со соодветни решенија за проблемите на претпријатијата може да се стабилизираат состојбите во економијата.

Дел од клучните предизвици, од чие надминување зависи подобрувањето на состојбите во економијата, се во ингеренции на Министерството за финансии. Во таа насока пораката на Сојузот е нашите 25 мерки за економски спас да се реализираат според утврдените приоритети со директна помош за претпријатијата, а не со социјални мерки бидејќи тој пристап е неодржлив, односно не создава нова додадена вредност. Приоритет треба да биде наменско и рационално искористување на буџетските средства, сѐ со цел да се обезбеди стабилност во економијата. Без очекуваната директна помош како фискален стимул, проекциите се лоши“, изјави Арсовска и додаде дека на сите коишто работат регистрирано и плаќаат даноци треба да им се помогне безусловно.

Во фокус на средбата беше неопходноста од носење пакет економски мерки што ќе биде од директна помош за стопанството.

Останато

Користењето на вештачка интелигенција е секојдневие во работењето на ИутеКредит

Објавено

на

Креирањето на исклучително корисничко искуство на нашите клиенти е мисијата на Иуте Кредит. Како напредна финтек компанија користиме напредни технологии во секојдневното работење особено при услужувањето на клиентите. Нашата мобилна апликација Мој Иуте (MyIute), достапна и преку нашата веб страна, овозможува целосно самоопслужување, независност и дискреција. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Дури 40% онлајн продавници во ЕУ користат манипулативни техники

Објавено

на

Од 399 онлајн продавници кои властите на Европската унија ги контролираа во претходниот период, дури 148 учествуваат во манипулативен бизнис, соопшти Европската комисија. (more…)

Продолжи со читање

Криптовалути

КРИПТОВАЛУТИТЕ СЕ ПОВТОРНО ИН – Биткоинот порасна за 40% во јануари!

Објавено

на

Големите инвеститори повторно почнаа да вложуваат во криптовалути по еден месец на масовен раст на биткоинот од 40 проценти во јануари оваа година. Инвеститорите забележаа прилив од над 117 милиони долари минатата недела, најголем неделен пораст од јули минатата година, според податоците на „CoinShares“. (more…)

Продолжи со читање

Популарно