Останато
Бесими: Антикризни мерки се додека економијата не застане на здрави нозе


Извесно е дека опоравувањето на економијата од ефектите од Ковид-19 кризата започна. Од почетокот на годината се забележуваат позитивни економски резултати и глобално и кај нас, вели министерот за финансии Фатмир Бесими во својата колумна објавена вчера, во која порачува „антикризни мерки се’ додека економијата не застане на здрави нозе”.
Од почетокот на кризата, како што потсетува, донесени се шест пакети мерки во вредност од околу 1,2 милијарди евра. Тоа е околу 11 отсто од БДП. Вкупниот фискален стимул ги опфаќа не само директните буџетски трошоци, туку и даночните олеснувања и ослободувања, расположливите гаранции и сл. За споредба, согласно податоците на ММФ, фискалниот стимул во земјите во регионот се движи од 2,4 отсто од БДП во Бугарија, 3 отсто Босна и Херцеговина, 3,3 отсто во Албанија, 4 отсто во Црна Гора, 5 отсто Косово, 7 отсто Хрватска, Србија со 13,6 отсто и Грција и Словенија со околу 14 отсто од БДП.
Согласно податоците на Меѓународниот монетарен фонд, најголем број од земјите, продолжуваат со фискалниот стимул и во 2021 година, како земјите од регионот, така и равиените земји.
„Препораките на ММФ се во насока да се продолжи со поддршка на стопанството и граѓаните, се’ додека трае заздравувањето. Еден од аспектите е дека корпоративниот сектор има потреба од поддршка поради проблеми со ликвидноста и солветнтноста во време на криза, особено кај контакт-интензивните индустрии, како и кај микро и малите претпријатија. Вториот аспект е дополнителна заштита на финансискиот систем, односно дека без интервенција на фискалната политика, може да дојде до висок раст на нефункционални кредити од фирми кои ќе се задолжат за да ги надминат последиците од кризата, а нема да бидат потоа во можност истите да ги сервисираат”, потенцира министерот,
Министерот посочува дека стојалиштето до кое дошле е дека е неопходно да се продолжи со поддршката на фирмите, но и на граѓаните (од социјален аспект) за да може да продолжи заздравувањето на економијата.
„Настојувањата, секако, ќе бидат во насока новите мерки кои ќе се носат да имаат истовремено и развоен карактер, односно покрај поддршката која ќе ја даваат да поттикнуваат и нови инвестиции, проширување на капацитетите и нови вработувања”, вели Бесими.
Оценува дека новите мерки ќе создадат потреба за нови финансиски средства, кои преку различни механизми, треба да се донесат до инвеститорите. -На тој начин, пораува, ќе се постигне повеќекратен позитивен ефект за економијата. Прво ќе се компензира падот на паричните дознаки од странство и намалените странски инвестиции (до моментот на нивно задоволително закрепнување). Второ, ќе се избегне ефектот на „истиснување” на реалниот сектор, односно достапноста на капитал за стопанството од домашни извори на финансирање.
„По еврообврзниците во 2020 и 2021 дојде до релаксација на монетарната политика, односно забрзување на растот на паричната маса од 8 отсто пред почетокот на кризата на 10,1 отсто, како и намалување на каматните стапки на пазарот на пари на историско најниско ниво на 1,25 отсто во март 2021 година. Може да се заклучи дека финансирањето на буџетските дефицити преку странски извори, од една страна ќе го стимулира економскиот раст, а од друга создава услови за релаксација на монетарната политика”, наведува во колумната.
Останато
ММФ: Украина може да ја избегне хиперинфлацијата, најважен е тајмингот на помошта


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, денеска изјави дека „станува пооптимистична” дека договорот меѓу седумте најголеми светски економии од Г7 за обезбедување нови буџетски средства за Украина ќе и помогне на земјата да избегне хиперинфлација. (more…)
Останато
Преку мерката „Мој ДДВ” за првото тримесечје кај граѓаните вратени 491,5 милиони денари
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 2 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 1 month
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје