Осигурување
Беркан Имери именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на Халк Осигурување АД Скопје

Беркан Имери, досегашен неизвршен член на Надзорниот одбор на Халк осигурување АД Скопје е именуван за нов претседател на Надзорниот одбор на осигурителната компанија. Имери во Халк осигурување е од јануари 2019 година, а воедно над 10 години работи и во Халкбанк АД Скопје на различни позиции, меѓу кои и Директор на секторот за управување и планирање на финансии и Директор на секторот за финансиско управување, сметководство и кредитна анализа.
Халк осигурување работи во секторот на неживотно осигурување и на нашиот пазар е присутна од 2007 година. Компанијата е во целосна сопственост на Халкбанк АД Скопје која во јануари 2019 година преку Македонската берза за хартии од вредност откупи 100% од акциите на Нова осигурување АД Скопје.
Новиот претседател на НО, Беркан Имери е присутен во компанијата од стартот на нејзината работа под новиот бренд Халк осигурување. Компанијата, чие седиште е во Скопје, преку свои подружници во 20-тина градови, делува на територијата на целата земја, а услугите на Халк Осигурување се нудат и преку многубројни брокерски друштва, лиценцирани застапници и голем број туристички компании.
Осигурување
Бројот на претставки решени во корист на осигуреници зголемен за 37%, најчесто се жалат на основ за исплата и висина на надомест

Продолжува да расте бројот на претставки кои до АСО ги поднесуваат незадоволни осигуреници што укажува на заклучок дека осигурениците ја препознаваат посветеноста на менаџментот и вработените на АСО во заштитата на правата на осигурениците. Очекувано најбројни, во првите три месеци годинава, се поплаките на осигуреници при обештетување од автомобилска одговорност. Во овој период не била поднесена претставка само за една од вкупно 16 компании за осигурување. (more…)
Компании
Вилма Учета Дузлевска на нова меѓународна позиција во рамки на Групацијата Триглав

По петнаесетина години поминати во осигурителниот сектор во земјава, од кои дванаесет на главна извршна позиција, Вилма Учета Дузлевска заминува од кормилото на Триглав Осигурување Живот. Надзорнот Одбор на Триглав Осигурување со седиште во Република Хрватска ја назначи Учета Дузлевска за Претседател на Управниот Одбор, а позицијата ќе ја извршува по добивање на потребните согласности од страна на хрватските надлежни тела. (more…)
Осигурување
Триглав Осигурување со нов производ за осигурување на дом – Мој дом

Триглав Осигурување го воведува Мој дом – нов производ за осигурување на домот. Мој дом нуди избор на повеќе пакети на покритија. Клиентите имаат можност да изберат пакет во согласност со нивните потреби и можности, како и да додадат во својот пакет одредени дополнителни покритија и предмети на осигурување и на тој начин самите да го креираат осигурувањето за својот дом. (more…)
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 4 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Стопанска Банка а.д. Битола
- Платежни картичкипред 1 month
VISA TRAVEL – нова кредитна платежна картичка на Халкбанк АД Скопје
- Домашни банкипред 1 month
ПРВ КВАРТАЛ ОД СОНИШТАТА ЗА КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА – добивката зголемена за речиси 100%!
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 3 weeks
Оглас за вработување во Шпаркасе Банка АД Скопје