Connect with us

Форекс

Берзата крахира, но акциите на НЛБ Банка продолжуваат да растат

Објавено

на

Активностите на Македонска берза се пресликуваат до ден на ден. Веќе неколку денови трае големиот пад на светските берзи, на кои не е имуна ниту нашата берза, на која акциите на најголемите македонски компании ја губат вредноста со секој изминат ден. Оваа огромна криза и енормниот пад на берзите е предизвикана од опасниот вирус Ковид-19 или попознат како коронавирус, кој почна неконтролирано да се проширува низ целиот свет и со себе да носи илјадници жртви.

Дека ситуацијата е крајно сериозна и многу неизвесна, говори и податокот дека Македонска берза изминативе денови повремено го прекинуваше тргувањето со акции, поради огромниот пад на берзанскиот индекс МБИ10 кој ги содржи десетте најликвидни хартии од вредност на котираните акционерски друштва.

Во услови кога речиси сите акции кои котираат на Македонска берза вртоглаво ја губат својата вредност, акциите на НЛБ Банка АД Скопје веќе втор ден по ред бележат раст на вредноста. На последниот ден за тргување акциите на НЛБ Банка ја зголемија вредноста за 2,21%, но растот на вредноста на акциите пред се се должи на објавата на банката дека на своите акционери ќе им исплати бруто дивиденда од 1.980 денари по акција.

За жал, сите преостанати акции кои котираат на Македонска берза забележаа голем пад на вредноста на своите акции. Најпогодени од кризата која ја предизвикува коронавирусот беа акциите на Македонијатурист АД Скопје кои забележаа пад од 5,00%. Висок пад на вредноста на акциите забележаа и ТТК Банка АД Скопје и Алкалоид АД Скопје, чиишто акции ја намалија вредноста за 4,99%, односно за 4,97%.

Падот на вредноста на МБИ10 индексот негативно се одрази и врз вредноста на акциите на Гранит АД Скопје, Македонски Телеком АД – Скопје и на Стопанска банка АД Скопје кои забележаа пад од 4,94%, 4,93% односно 4,91%.

Пад на вредноста на акциите забележаа и Комерцијална банка АД Скопје од 4,79% и Стопанска банка АД Битола од 3,78%.

Според официјалниот среден курс на Народната банка на Македонија, денеска денарот спрема еврото има вредност од 61.6950 денари.

Курсот на денарот спрема доларот е на ниво од 56.4249 денари, британската фунта изнесува 66.9216 денари, додека пак швајцарскиот франк е 58.5009 денари.

Форекс

Македонија и Србија имаат најголеми резерви на злато на Балканот

Објавено

на

Податоците на Светскиот совет за злато (World Gold Council), најточната база на информации за резервите по држави, за вториот квартал од оваа година покажуваат дека по Србија, Република Северна Македонија има најголеми резерви на злато на Балканот односно поседува 6,89 тони. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на DAX индексот на 40 компании

Објавено

на

Германската берза „Deutsche Boerse” предложи зголемување на бројот на компании кои котираат во „DAX” индексот. Берзата предложи зголемување од досегаѓните 30 на 40 компании, истовремено предложувајќи заострување на условите за котација. (more…)

Продолжи со читање

Форекс

Топ 5 акции со најголем пораст на вредноста во месец септември

Објавено

на

Македонската берза го објави месечниот статистички билтен за месец септември 2020 година. (more…)

Продолжи со читање

Популарно