Форекс
Берзанските индекси на Волстрит почнаа да растат благодарение на добрите деловни резултати на компаниите


На Волстрит берзанските индекси пораснаа и во средата, втор ден со ред, благодарејќи на подобрите од очекуваното квартални деловни резултати на неколку компании.
Индексот „Dow Jones” зајакна за 47 поени или за 0,15% на 31.874 поени, „S&P 500″ се зголеми за 0,59 проценти на 3.959 поени, а индексот „Nasdaq” скокна за 1,58%, а 11.897 индексни поени.
На европските берзи цените на акциите вчера падна, па така, лондонскиот „FTSE” индекс ослабе за 0,44% на 7.264 поени, франкфуртскот „DAX” се лизна за 0,20 проценти на 13.281 поен, а парискиот индекс „CAC” падна за 0,27 проценти на 6.184 индексни поени.
Растот на индексите на њујоршката берза втор последователен ден го поттикна првично добриот деловен резултат во второто годинешно тримесечја на „Netflix“. Оваа компанија за стриминг видео услуги забележала помал пад на бројот на претплатниците отколку што се предвидуваше и прогнозираше раст на тој број во тековното тримесечје.
Растот на цените на акциите на „Netflix“ ги поттикна растот на целокупниот технолошки сектор, па индексот Nasdaq, којшто е полн со таквите акции, најмногу и порасна.
И повеќето други компании известија за поголеми заработки отколку што се очекуваше.
Во анкетата на Reuters аналитичарите проценуваа дека компаниите од составот на „S&P 500″ индексот во вториот годинешен квартал оствариле 5,9 проценти поголема добивка, отколку во истиот минатогодишен период.
Меѓутоа, тргувањето на Волстрит во средата мина несигурно, бидејќи поради високата инфлација американската централна банка „Federal Reserve” (Fed) до крајот на јули повторно агресивно ќе ги зголеми клучните каматни стапки, најверојатно за 0,75-процентни поени.
„Цените на акциите се движат како на ‘ролеркостер’ додека се на милост и немилост на инфлацијата, каматните стапки и заработките. Ќе мора да причекаме уште една серија макроекономски показатели која ќе покаже дали инфлацијата е или не е под контрола“, вели за „Reuters” Тери Сандвен, стратег во компанијата „U.S. Bank Wealth Management“.
Форекс
Откако достигна повеќегодишен максимум, доларот почна да ја губи вредноста во однос на другите валути


Вредноста на доларот во однос на кошничката валути на пазарот бележи намалување. (more…)
Форекс
НИТУ НАЈДОБРИОТ ФОНД НЕ Е ИМУН НА КРИЗАТА – Инфлацијата и стравот од рецесија ја стопија заработката на норвешкиот пензиски фонд


Норвешкиот пензиски фонд денеска соопшти дека за првите шест месеци остварил загуби во инвестициите од 174 милијарди долари, последица на опотоварувањето на акциите предизвикано од стравувањата од глобална рецесија. (more…)
Форекс
Кои акции на Македонска берза беа најинтересни за инвеститорите во јули?


Според податоците кои ги објави Македонската берза за периодот 01.07.-31.07.2022 година вкупниот промет изнесува 430.542.437 денари и бележи благ пораст од 0,97% во однос на претходниот месец јуни. (more…)
- Останатопред 4 weeks
УЈП со важно соопштение за сите кои ја користат апликацијата „Мој ДДВ“
- Кредитипред 3 weeks
Онлајн кредити до 180.000 ден. – за сите изненадувања во животот
- Депозитипред 2 months
Стопанска банка АД – Скопје ги зголеми каматните стапки на денарските и девизните депозити
- Кредитипред 2 months
Ова лето можеш сè
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во Комерцијална банка АД Скопје
- Интервјуапред 2 months
Интервју ПАЛЧЕВСКИ: Пантелеон ГС има сериозна намера да остави значаен белег на домашниот пазар преку креирање на нови вредности
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во ТТК Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје