Connect with us

Останато

Белата куќа повикува уште повеќе земји да се придружат кон глобалното оданочување на корпорациите

Објавено

на

САД се уште работат на тоа што повеќе земји да се приклучат кон договорот потпишан неделава од 130 држави, а со кој се поддржува минималниот глобален данок на корпорациите од најмалку 15 проценти, изјави економскиот советник на Белата куќа, Брајан Дис.

„Договорот ќе помогне да се поттикнат напорите на претседателот Џо Бајден за зголемување на глобалната даночна стапка кај нас дома и да генерира приход за разни инвестиции”, изјави Дис пред новинарите во Белата куќа.

Официјални лица од 130 од 139 земји учеснички во разговорите, предводени од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), во четвртокот се согласија дека ќе бидат наметнати правила за меѓународните компании.

Меѓу земјите кои не го потпишаа договорот се Ирска, Унгарија и Естонија, членки на Европската унија кои се обидуваат да привлечат инвестиции преку ниски домашни даноци.

„Ова е процес”, рече Дис. “Ние ќе продолжиме да работиме на тоа. Ова е пресвртница во процесот, но, исто така, и силен сигнал за промена кон крајната цел.”, додаде Дис.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц по состанокот со американскиот министер за финансии Џенет Јелен кажа дека ЕУ очекува брза примена на глобалниот данок и покрај тоа што неколку земји-членки одбиваат да го потпишат договорот.

„Јас сум оптимист”, изјави Шолц, додавајќи дека очекува група од 20-те најголеми светски економии да им се придружат на земјите од Г7 во поддршката на планот на состанокот на економските претставници на Г7 што ќе се одржи следната недела во Венеција.

ОЕЦД соопшти дека планот за спроведување и преостанатите прашања ќе бидат финализирани до октомври, додека договорот се очекува да се спроведе во 2023 година.

Шефот на Меѓународниот монетарен фонд, Кристалина Георгиева, во четвртокот ги повика и земјите кои одбија да се приклучат кон договорот, велејќи дека тоа ќе биде во нивен интерес.

Останато

Од 28-ми започнува етапната исплата на јунските пензии

Објавено

на

Владата на Република Северна Македонија на последната седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за месец јуни 2022 година со задолжување на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27 јуни. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Инфлацијата во Велика Британија највисока во последните 40 години

Објавено

на

Инфлацијата во Велика Британија се зголеми на 9,1 проценти на годишно ниво во мај, што е највисоко во изминатите 40 години, покажува извештајот објавен од Националната канцеларија за статистика на Обединетото Кралство. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Економиите на САД и ЕУ во пад, расте ризикот од глобална рецесија

Објавено

на

Економиите на САД и на Европската Унија покажуваат значаен пад во јуни, како резултат на порастот на цените за храната, цените на енергенсите и намалената побарувачка на останатите производи и услуги. Со тоа се зголемува ризикот за глобална рецесија. (more…)

Продолжи со читање


Популарно