Connect with us

Останато

Бектеши: Четвртиот сет на мерки до крајот на неделава

Објавено

на

Очекувам до крајот на неделава да биде готов четвртиот сет на мерки за помош на граѓаните и стопанството. Со новиот сет на мерки ќе бидат таргетирани најпогодените сектори, но и граѓаните кои имаат најмногу потреба со цел за заеднички да ја пребродиме корона кризата, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Како што најави и премиерот Зоран Заев ние веќе имавме неколку состаноци, а одржавме и економски совет. Денеска продолжуваме со состаноците на кои ги правиме сите проекции. Веќе се добиени сите барања од стопанските комори и моментално се прават последните анализи. Како институција ги пративме и нашите предлози имајќи во предвид дека имавме повеќе состоноци со стопанските комори и очекувам дека во текот на неделава ќе излеземе со четвртиот сет на економски мерки со цел да им помогнеме на граѓаните, но истовремено и на стопанството“, рече Бектеши во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција заедно со директорот на ТАВ Алпер Ерсој.

 Тој нагласи дека не би можело да се каже дека земјава понудила најмала помош во околината за стопанството, ако се има во превид вредноста на првите три сета на економски мерки за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Останато

PayPal ќе дозволи употреба на криптовалути

Објавено

на

„PayPal” објави дека ќе им овозможи на клиентите да купуваат, продаваат и чуваат „Bitcoin” и други криптовалути користејќи ги неговите паричници на Интернет. Почнувајќи од почетокот на 2021 година, клиентите исто така ќе можат да ги користат овие виртуелни монети за да купуваат кај 26 милиони поврзани трговци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Новиот корона бран ја намали деловната активност во Еврозоната

Објавено

на

Во октомври, економската активност во еврозоната се намали, бидејќи ограничувањата како резултат на ширење на корона вирусот, повторно стапија на сила, покажуваат прелиминарните податоци. (more…)

Продолжи со читање

Останато

Авиокомпаниите ќе прават исти пресметки како и банките

Објавено

на

Кога британскиот туроператор Томас Кук се врати на пазарот минатиот месец, му требаше начин да ги убеди клиентите дека стана посигурен по неговиот банкрот во 2019 година и дека немаат за што да се грижат при резервацијата во пауза за време на пандемија. (more…)

Продолжи со читање

Популарно