Останато
Бектеши: Се подобрува состојбата во економијата, обезбедени 50 милиони евра за петтиот пакет мерки


Министерот за економија, Крешник Бектеши во вчерашното гостувањето во емисијата „24 Анализа” на Телевизија 24 го најави Петтиот сет економски мерки, со кој ќе бидат поддржани најпогодените компании. За оваа намена во Буџетот за 2021 година се обезбедени 50 милиони евра. Реализацијата на Петтиот сет економски мерки согласно плановите ќе започне во февруари, најави Бектеши.
„Првично обезбедивме Буџет за 2021 година во П1 програмата преку која се спроведуваат мерките за Ковид-19 и имаме обезбедено 50 милиони евра. Мерките веќе ги дизајниравме и ќе бидат таргетирани секторски каде пандемијата имала најголемо влијание на намалување на приходите и на отпуштање на работници и слично“, кажа Бектеши.
Министерот потенцираше дека мерките како и досега ќе се креираат во соработка со Стопанските комори во рамки на јавно-приватниот дијалог.
„Сите мерки и предлози ќе бидат дискутрани со Стопанските комори, ќе ги собереме сите предлози кои доаѓаат од различни институции, вклучително и на Министерството за економија и на почетокот на февруари, во согласност со нашите планови и динамика ќе излеземе со мерките и ќе почнеме да ги реализираме“, кажа министерот.
Бектеши потенцираше дека мерките кои што ги донесе Владата во првите четири сета дадоа резултат, а податоците покажуваат дека се намалува бројот на компании кои бараат финансиска поддршка од државата.
„Ако ја гледаме реализацијата на мерките од март, кога започна пандемијата, па до сега ќе видиме дека во континуитет има намалување на бројот на компании кои аплицираат за мерката за финансиска поддршка за исплата на плата. Тоа значи дека се подобрува состојбата кај компаниите“, кажа Бектеши.
Министерот потенцираше дека ова го потврдуваат и податоците за реализација на буџетот за 2020 година кои покажуваат раст на приходите од даноци и придонеси.
“Сите мерки кои што ќе ги предложат Стопанските комори, како и досега ќе бидат земени во предвид во Советот за јавен-приватен дијалог. Но, нема да застанеме тука. Со сите мерки кои што ќе ги превземеме во наредниот период ќе им излеземе на компаниите кои се најпогодени од кризата предизвикана од пандемијата“, кажа Бектеши.
Министерството за економија подготви измени и дополнувања на Законот за финансиска поддршка на инвестициите со кои ќе се зголеми опфатот на компании кои ќе може да аплицираат за државна поддршка, изјави министерот за економија Крешник Бектеши
„Во текот на оваа недела, најдоцна на почетокот на следната недела Министерството за економија ќе достави до Стопанските комори драфт – верзија на измените и дополнувањата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите. Имајќи предвид дека таму има одредени критериуми во однос на бројот на вработени, во однос на приходите од минатата година, ние ќе ја користиме можноста да направиме дополнителни промени за да го зголемиме обемот на компании кои што може да ги користат мерките од овој Закон“, посочи Бектеши.
Министерот потенцираше дека имајќи превид дека во минатото оваа финансиска поддршка можеше да ја користат само компаните кои што се занимаваа со производство, со овие измени тој опфат ќе се зголеми.
„Во Уредбата со законска сила која што ја донесовме за време на Ковид ги вклучивме и компаниите кои што се занимаваат со трговија, но имаат инвестиции во машини, опрема, и хали и идејата е со таква мерка да го прошириме опфатот и да вклучиме и други сектори да може и тие да ја користат оваа можност и на таков начин да го зголемат извозот и да придобијат нови пазари“, кажа Бектеши.
Останато
Владата ја усвои Програмата за економски реформи 2021-2023


Владата ја усвои тригодишната стратегија за структурни реформи – Програма на економски реформи (ПЕР) 2021-2023, соопшти Министерството за финансии. Програмата, чија подготовка ја координира Министерството за финансии, ја содржи среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и структурните реформи што треба да се спроведат, а кои се утврдени преку заеднички дијалог со Европската комисија.
Останато
ММФ ја зголеми прогнозата за годинешниот глобален раст на 5,5 проценти


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата на глобалниот раст за 2021 година за 0,3 проценти, на 5,5%, изјави главната економистка на ММФ, Гита Гопинат при претставувањето на јануарскиот извештај „Светски економски изгледи 2021 година“. (more…)
Криптовалути
Биткоинот стана долгорочна инвестиција!?


Биткоинот достигна рекордни 42.000 долари на 8 јануари, но во последните денови направена е значителна корекција, бидејќи најпознатата криптовалута почна да ја губи својата вредност. (more…)
- Домашни банкипред 3 weeks
ГО “БУТНАА” ИНТЕРНЕТОТ: Вработените на УНИБанка танцуваат на „Jerusalema“ пред експозитура Плоштад
- Останатопред 2 months
Колку изнесува К15 за оваа 2020 година?
- Business Manпред 2 months
Божидар Јанковски стана сопственик на Динерс Клуб Интернационал МАК ДООЕЛ
- Анализипред 2 months
Која македонска банка планира да го нападне тронот во банкарскиот сектор!?
- Банкипред 1 month
Огласи за вработување во Народната банка на Република Северна Македонија
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје
- Business Manпред 2 months
Владо Цекиќ избран за Млад менаџер во Македонија за 2020 година
- Анализипред 2 months
Во Македонија има 1.301 премиум пензионери!