Странски банки
Без промени во каматните стапки и монетарната политика на ЕЦБ


Европската централна банка (ЕЦБ) одлучи денеска да ги задржи каматните стапки и пандемиската програмата за стимулација на непроменето ниво и покрај тековните инфлациски притисоци. Одлуката за тоа дали и како да се прекине програмата за купување обврзници вредна 1,85 билиони евра (2,14 билиони долари), која влијае на 19 земји од Европската унија кои ја користат заедничката валута, еврото, ќе биде на дневен ред на ЕЦБ на нејзината декемвриска седница.
Тој стимулативен пакет ги намали трошоците за долгорочно корпоративно задолжување за да им помогне да го надминат периодот на заклучување и овозможи поевтино задолжување од владите чии трошоци нагло се зголемија поради мерките за финансирање за поддршка на националните економии и граѓаните за време на пандемијата. Се очекува стимулативната програма да трае најмалку до март 2022 година, или додека ЕЦБ не процени дека кризата со корона е завршена, но неодамнешниот пораст на инфлацијата предизвика контроверзии околу тоа дали да се напушти купувањето обврзници порано отколку подоцна.
ЕЦБ во септември објави дека ќе го намали купувањето на должнички хартии од вредност поради зголемената инфлација во еврозоната, која во септември достигна 3,4 отсто, што е највисоко ниво во последните 13 години и значително повисока од проектираната стапка на ЕЦБ од 2,0 отсто.
Странски банки
„Fitch” го намали кредитниот рејтинг на „Credit Suisse”


„Credit Suisse” доби намалување на кредитниот рејтинг од реномираната компанија за кредитен рејтинг „Fitch”. (more…)
Странски банки
ЕИБ ќе обезбеди насочена поддршка за регионалните економии за справување со негативните ефекти од актуелната криза


Во соработка со Народната банка на Северна Македонија, Европската инвестициска банка (ЕИБ) ја коорганизираше 8. меѓународна истражувачка конференција на тема Јакнење во време на криза: улогата на политиките, по повод 30 години монетарна самостојност на државата. Настанот се занимаваше со актуелните предизвици несигурност што произлегува од прилагодувањата на политиките по пандемијата и политичкиот одговор потребен за справување со зголемените стокови и енергетски шокови предизвикани од војната во Украина. Тој ја илустрираше засилената соработка на ЕИБ со нејзините партнери во Северна Македонија и постојаната поддршка што банката ја дава за економската стабилност на земјата и процесот на интеграција во ЕУ повеќе од 40 години. (more…)
Странски банки
Светска банка: Војната предизвикува најголема економска штета во Источна Европа и Азија


Светската банка ја намали прогнозата за глобалниот економски раст поради војната во Украина. (more…)
- Кредитипред 2 months
Брз онлајн кредит – за пролетно чистење сметки
- Анализипред 2 months
Кои се петте најпрофитабилни македонски компании во 2021 година!?
- Кредитипред 3 weeks
Брзо и евтино решение за вашите финансиски потреби
- Домашни банкипред 2 months
Промени во Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје
- Домашни банкипред 4 weeks
Комерцијална банка денес започнува со исплата на дивиденда за 2021 година, кој ќе се „офајди” најмногу!?
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје
- Банкипред 2 months
Оглас за вработување во Централна кооперативна банка АД Скопје
- Банкипред 1 month
Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје